Дали ви е битен секој килограм на носивост? И дали се држите понастрана од тешките терени на вашите рути? Тогаш, вашиот Volvo FM или Volvo FH можете да го добиете со спецификација за мала тежина, за да ги зголемите товарот и продуктивноста. А, сепак, ќе добиете издржливо и удобно решение за транспорт. Вашиот продавач ќе ве помогне да добиете полесен камион.
Со комбинирање на нашите решенија за мала тежина, можете да добиете влекач Volvo FM 4×2 со тежина од 6.000 килограми, или влекач Volvo FH 4×2 со 6.600 килограми. Тоа значи поголема носивост во рамките на законските ограничувања на тежината.
Секое мало намалување на тежината помага да го зголемите вашиот капацитет на носивост. Инсталацијата на предната суспензија на единечен лист намалува дури до 65 килограми, а задната оска со тежински оптимизиран дизајн крати 90 килограми. За дополнително намалување на тежината помагаат членовите на рамка на шасија со оптимизирана тежина, предната оска од 7,1 тон, лесните дискови на сопирачки и алуминиумските држачи, како и резервоарите за воздух.
Барате капацитет на носивост без да бидете потешки? Погледнете ја подетално лесната pusher-инсталацијата 6×2. Pusher-оската може да се подигне за да се заштеди гориво кога таа не е потребна, а така целата инсталација станува полесна до 490 килограми за разлика од конвенционалната инсталација од 6×2.