Тешки, долги релации? Комплицирани, градежни локации? Застрашувачки земјени патишта? Засилениот браник е направен за тешка употреба во предизвикувачки услови. Доаѓа како стандардна опрема на Volvo FMX, но исто така е достапен за Volvo FH и Volvo FH16.
Засилениот браник е изработен од 3-милиметарски висококвалитетен челик. Исто така, делумно е покриен со густ полипропиленски слој, што го прави помалку подложен на гребнатини. Силен е и има цврст дизајн за да ја заштити предницата од гребнатини, вдлабнатини и скршени фарови на кој било терен.
Браникот е издржлив. Но, ако го удрите толку силно што ќе треба да се сервисира, тоа ќе да биде лесна работа. Направен од три дела, со лесно достапни шрафови за самостојно и лесно заменување на некој оштетен дел – што ќе ви заштеди време за посетување на сервисната работилница и ќе го зголеми времето во возна состојба.
Искомбинирајте го засилениот браник со засилени скалила за влегување. Благодарение на флексибилниот дизајн, скалилата на склопување можат да издржат и најмали удари од сите страни без да се скршат.