Камиони

Еволуција на интерфејсот

ИНТЕРФЕЈС ЗА ВОЗАЧИ НА VOLVO TRUCKS

Вашиот нов интерфејс за возачи е исто толку прилагодлив и флексибилен како и остатокот од вашиот камион. Панелот за инструменти во Volvo FH, Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX е целосно дигитален и динамички. А, страничниот дисплеј ги интегрира конкретните потреби на вашите операции со камионот. За да ви помогне да бидете уште побезбедни и попродуктивни.

Новиот интерфејс за возачи е дизајниран да го олесни држењето на рацете на воланот и очите на патот додека возите. И да имате лесен пристап до точните информации во сите можни ситуации – кога возите, товарите, ја барате точната рута или водите евиденција за вашето поминато време во возење и за статусот на возилото.

Целосно дигиталниот дисплеј со инструменти ви дава слобода да го оптимизирате интерфејсот за секој момент од користењето на камионот. Ако сте навикнати на добро организираниот аналоген интерфејс на Volvo Trucks, како и да е ќе се чувствувате како дома. 

Информациите се прикажуваат врз основа на она што го правите

Дисплејот на инструменти има четири различни режими, кои може да се менуваат во зависност од она што го работите во моментот и на какви информации треба да дадете приоритет. Вообичаено, спецификациите на камионот и користењето на камионот ги одредуваат деталните функции достапни во секој режим. Но, во главно режимите се:

  1. Почетен екран – стандарден приказ, кој опфаќа најмногу од достапните функции.
  2. Фокусиран приказ – адаптиран приказ, кој ги покажува најважните информации за возењето.
  3. Навигациски приказ – упатува на насоките. Комбинира информации за брзината со насоките на рутата и времето на пристигнување.
  4. Приказ на оптоварување – јасен статус. Колкав товар има врз секоја оска? Дали некои оски се кренати или дали диференцијалите се вклучени?

Рацете на воланот!

Сите функции претставени на интерфејсот на возачот лесно се управуваат и контролираат со користење на копчињата на воланот. Без оглед на ситуацијата, можете да ги чувате рацете на воланот, а вниманието на возењето.

Страничен дисплеј

Од десната страна на контролната табла има страничен дисплеј од 9-инчи со екран на допир. Овде ги контролирате функциите за медиуми и комуникација со користење на интерфејс на кој сте навикнати со вашиот паметен телефон. На страничниот дисплеј се претставени приказите од камерата. Исто така, има и модули за справување со задачите, функциите на возилото и надградбата меѓудругото. Контролирајте ги функциите на страничниот дисплеј со користење на екранот на допир, контролите на воланот, контролните копчиња на контролната табла или гласовната контрола.

Интегрирајте ги вашите алатки

Страничниот дисплеј може да се отвори за интеграција на апликации од други производители на вашиот екран. Ќе можете да работите поефикасно, а да не споменуваме и побезбедно.

Зборувајте со вашиот камион

Можете да контролирате неколку функции во вашиот камион со користење гласовната контрола, која е вградена во кабината. Корисна помош која ќе ви го олесни животот и ќе ви помогне да го задржите вниманието на патот.

Достапно за овие камиони

Онака како што сакате

Добијте увид во можностите со интерфејсот на возачот.