Камиони

Само додадете надградба

ПОДГОТВЕНИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ

Кипер или цистерна? Дигалка или транспортер на автомобили? Можеби камион со затворен сандак или противпожарно возило? Без оглед на тоа за каква примена ви треба, шасијата на Volvo е подготвена за сè. Флексибилната шасија и долгата листа опции за спецификација го олеснуваат прилагодувањето на камионот точно според вашите барања.

Кога ќе го нарачате вашиот Volvo камион, веднаш му даваме пристап на лицето што ја составува каросеријата до онлајн порталот со упатства од Volvo за составување каросерија (VBI). Прецизните 3Д цртежи им овозможуваат да започнат со работа додека ние го праавиме камионот кој излегува од фабриката совршено подготвен, заштедувајќи ја непотребната реконструкција. Тоа значи дека вашиот камион ќе биде испорачан побрзо, поекономично и ќе биде подготвен за работа.

Одлики за составување каросерија

Упатства за составување каросерија од Volvo (VBI)
Достапен 24/7 и на 12 јазици, VBI е суштински ресурс за оние што составуваат каросерии и за работилниците. Инструкциите за надградбата вклучуваат цртежи на шасијата, шеми за ожичување, листови со податоци и прибор.

Приклучоци за давање погон
Има широк опсег на достапни приклучоци за давање погон, зависни и независни од спојката, за погонување на сите видови опрема на каросеријата.

Права рамка
Рамката на Volvo е целосно права и паралелна зад кабината, олеснувајќи му ја многу работата на оној што ќе ја составува каросеријата.

Подрачје за составувачот на каросерија
Нашите инженери никогаш не ставаат ништо над рамката. Ова место целосно му припаѓа на составувачот на каросеријата, што значително ја зголемува флексибилноста.

Специјално наменети отвори
Рамката доаѓа со горен ред на отвори наменети за надградбата. Бидејќи овде не користиме заковки, составувачот на каросеријата може лесно да ја прикачи опремата.

Точен заден препуст
Задниот крај на рамката сега може да биде прецизно фабрички пресечен токму така како што ви треба – во чекори од 50 mm – за совршено да одговара на вашата надградба.

Опции за спецификација

Мноштвото можни комбинации овозможуваат полесно да се скрои еден камион. Затоа нудиме широк спектар на опции за конфигурации на оските, височини на шасијата и меѓуоскините растојанија.

 

 

Четири пресеци на задниот крај
Можеме фабрички да ја подготвиме вашата шасија со четири различни пресеци на задниот крај на рамката: со засек од горе (за кипери, камиони со „hook-lift“, камиони за собирање смет), со засек од долу (за приколки со централна оска), со кос засек (за влечни возила) или прав (за соло-камиони).

Позиција на задната заштита од навлегување под камионот
За уште поголемо проширување на опциите за задниот крај, задната заштита од навлегување под камионот може да се постави на неколку различни позиции.

Две височини на рамката
Одберете рамка од 266 mm или 300 mm за да одговара на барањата за вашата надградба.

Модул за составување каросерија
Го олеснува пристапот на составувачот на каросеријата до електричниот систем на камионот за да ги прилагоди функциите. До модулот за составувачите на каросеријата можете пригодно да пристапите преку флексибилните прекинувачи на контролниот пулт и преку Work Remote.

Совршено за заменливи тела
Одот од 295 mm на новата задна воздушна суспензија во комбинација со екстра ниската шасија, е совршено решение доколку пренесувате заменливи тела.

Држачи за прицврстување
Шасијата може фабрички да се подготви со држачи за прицврстување на каросеријата монтирани на рамката – кои сега, освен во делот меѓу оските, се достапни и на задниот препуст.

Подготвен за дигалка
Ниската шасија и големото дозволено оптоварување на оските се наоѓаат на списокот со желби на секој составувач на дигалки. Нашите шасии доаѓаат со двете. Можеме да направиме и слободен простор на рамката близу кабината и да го испорачаме вашиот камион со фабрички монтирани плочи за дигалка.

Дополнително зајакнување
При некои тешки примени, притисокот врз рамката е значително поголем. Затоа, ние нудиме широк спектар на избор на внатрешни облоги, за да ги обезбедиме сите потребни зајакнувања.

Достапно за овие камиони

Подготвени за ново тело?

Прилагодувањето започнува кај вашиот продавач