Камиони

Македонија

×
Volvo FMX Classic е посамоуверен од кога било.

Volvo FMX Classic

Џин во градежништвото

Нашиот најиздржлив, најсилен, најробустен камион. Способен за транспорт на големи товари во тешки услови без заглавувања. И сигурно и удобно работно место за возачите – гаранција за продуктивност и безбедност.

Volvo FMX Classic е подготвен за сè. Изработен е за предизвикувачки задачи во предизвикувачки средини и подготвен со сите функции што одговараат на вашите потреби. И палета од услуги кои го одржуваат во работна состојба.

Надворешноста на Volvo FMX Classic.

Надворешен дизајн

Volvo FMX Classic е робусен. И изгледа така. Предната страна е цврста и неверојатно јака. И паметна, исто така. Користевме материјали што можат да издржат удари и дизајниравме плочи што можете сами да ги замените. Така, ќе поминете помалку време во сервисната работилница, а повеќе на работа.

Внатрешен дизајн

Нема ништо што ќе ви го одвлече вниманието. Сè е такво што ќе ви помогне да ја завршите работата. Тоа е внатрешноста на Volvo FMX Classic. Чисти линии, паметни инструменти и одлично дизајнирано седиште. Има и многу простор за вашите работи. И боја која е буквално отпорна на прашина, што ја нарековме raven.

Внатрешноста на Volvo FMX Classic.

Истакнати карактеристики на Volvo FMX Classic

Volvo динамичко управување

Најзначајната иновација после серво-управувањето. Нашиот револуционерен систем сега е достапен за камиони со двојни предни оски.

I-Shift

Најинтелигентниот менувач во светот. Сега поцврст од кога и да било. Лесен за возење и опремен со софтвер за штедење гориво. И, инспирирано од светот на трки со мотори, верзијата на двојна спојка: првата во својот вид за тешки камиони. Едноставно колку што е и брилијантно.

Кревање на тандем-оската

Користете ја дополнителната погонска оска кога ви е потребна. И намалете ја потрошувачката на гориво, како и радиусот на свртување кога не ви е потребна.

Системи за поддршка на возачот

Вашата безбедност е наш приоритет. Нашите напредни системи за поддршка на возачите помагаат да се намалат незгодите.

I-See

Темпомат што планира однапред. Нашиот најнов додаток на софтверот на I-Shift е револуционерен и ќе ви заштеди до 5% гориво.

Засилен браник

Груб терен или густ сообраќај? Засилениот браник ќе го штити вашиот нов камион од гребнатини, вдлабнувања и скршени предни светла.

Услуги кои го поддржуваат вашиот бизнис

Опции на кабини на Volvo FMX Classic

Мотори

 

D11K330 (243 kW)  
Максимална моќност при 1.600-1.900 вртежи/мин 330 КС
Максимален вртежен момент при 950–1.400 вртежи/мин 1.600 Nm
D11K380 (280 kW)  
Максимална моќност при 1.700-1.800 вртежи/мин 380 КС
Максимален вртежен момент при 950–1.400 вртежи/мин 1.800 Nm
D11K430 (316 kW)  
Максимална моќност при 1.700-1.800 вртежи/мин 430 КС
Максимален вртежен момент при 1.000–1.400 вртежи/мин 2.050 Nm
D11K460 (338 kW)  
Максимална моќност при 1.700-1.800 вртежи/мин 460 КС
Максимален вртежен момент при 1.050–1.400 вртежи/мин 2.200 Nm
D13K420 (309 kW)  
Максимална моќност при 1.400-1.800 вртежи/мин 420 КС
Максимален вртежен момент при 860–1.400 вртежи/мин 2.100 Nm
D13K460 (338 kW)  
Максимална моќност при 1.400-1.800 вртежи/мин 460 КС
Максимален вртежен момент при 900–1.400 вртежи/мин 2.300 Nm
D13K500 (368 kW)  
Максимална моќност при 1.400-1.800 вртежи/мин 500 КС
Максимален вртежен момент при 980–1.270 вртежи/мин 2.500 Nm
D13K540 (397 KW)  
Максимална моќност при 1.450–1.800 вртежи/мин 540 КС
Максимален вртежен момент при 1.000–1.460 вртежи/мин 2.600 Nm

За повеќе детали, погледнете ги спецификациите за новиот Volvo FMX. Многу се слични, но не и идентични. За целосни спецификации за Volvo FMX Classic, контактирајте го вашиот продавач.

Додатоци за вашиот камион

Направете го според вас

Запознајте се со Volvo FМХ Classic кај вашиот продавач

Имате прашања? Дали сакате да разговарате со некого за вашиот иден камион? Или знаете дека сте подготвени
да се надоградите на новиот Volvo FMX?