Дали барате начин да оставате помала трага во животната средина и пониски трошоци за гориво во вашето транспортно работење? Погледнете ги одблизу нашите камиони на гасен погон. Достапни за сè, од превози за собирање на отпад и за дистрибуција до комплициран регионален превоз и превоз на долги релации. Доаѓаат во верзии што може да се возат на CNG или LNG, гориво добиено од природен гас и биогас во зависност од достапноста. Со добрата снабдувачка со гориво глобално и потенцијалот за намалување на емисиите на CO2 за 20* - 100 %***, нудат непречена транзиција кон еколошки одржлив транспорт.
За урбани превози, како што се превозот за собирање отпад и за дистрибуција, можете да го замете лесниот и разновиден Volvo FE CNG, кој нуди работен опсег до 400 km со погон на компримиран природен гас или биогас. За регионален превоз и превоз на долги релации, можете да ги земете Volvo FM LNG и Volvo FH LNG со работен опсег до 1000 km со високи перформанси со погон на течен природен гас или биогас.
* Ова ги опфаќа емисиите од возилото од возењето на долги растојанија т.н. „tank to wheel“ (од резервоар до тркало), во споредба со камион што користи дизел со европски стандард.
***Тука се опфатени емисиите од возилото за време на возење на долги растојанија, т.н. „tank to wheel“ (од резервоар до тркало), биогас заедно со HVO, во споредба со камион што користи европски стандарден дизел.