Климатските проблеми се на врвот на агендата за заштита на животната средина додека повиците за итно дејствување одекнуваат низ целиот свет. Во Volvo Trucks сме свесни за чувството на итност. Не можеме да чекаме на идни решенијата, наместо тоа, мора да преземеме дејства овде и веднаш. Токму тука нашите камиони Climate Wise Edition влегуваат на сцена.
Kамиони Climate Wise Edition претставуваат транспортни решенија за регионални и долги растојанија, коишто се поодржливи во текот на целиот нивни работен век. Презедовме активности да ги направиме нашите фабрики неутрални во однос на штетните влијанија врз климата. Преостанатите емисии на CO2 што се создаваат за време на производството, се климатски усогласени. Таквата усогласеност е потврдена согласно Златниот стандард и се применува кај секој камион Climate Wise Edition.
Разгледајте ги модели Climate Wise Edition во брошурата на интернет
Камиони Climate Wise Edition се достапни преку моделите Volvo FH со I-Save и Volvo FH LNG и Volvo FM LNG на гасен погон. Дизајнирани се да ви овозможат ефикасна потрошувачка на горивото, високи перформанси и пониски емисии на СО2. Ако вашата амбиција е да го намалите емисиите на CO2 за да ја подобрите вашата одржливост, тогаш камиони Climate Wise Edition може да се вистинскиот избор за вас.
Kамиони Climate Wise Edition се климатски усогласени во соработка со нашиот партнер South Pole, водечки развивач на глобални проекти за намалување на емисиите преку доброволно усогласување. Покрај директните климатски придобивки, проектот придонесува и за одржлив еколошки и социјален развој во селата и регионите.