Направете вашите гуми да го зголемат времето во возна состојба

Услугата за управување со гуми ви овозможува да го извлечете максимумот од вашите гуми и го максимизира вашето време на патот. Нејзиното напредно следење во реално време ви помага да ги предвидите и избегнете кои било инциденти поврзани со гумите. Нејзината најмодерна постапка на сервисирање ги одржува камионот и гумите во одлична состојба и го минимизира времето поминато во сервисната работилница. И како последно, но не и помалку важно, оваа услуга ќе ве води до оптимална економичност на гумите.

Следење во реално време

Оваа технологија заснована на поврзување, ви овозможува да имате постојан преглед врз гумите како на камионот така и на приколката. Сензорите поставени во тркалата постојано ги следат притисокот и температурата и ги пренесуваат податоците до возачот и матичната канцеларија.

Услуга со едно запирање

Нашата услуга со едно запирање ви овозможува да изведете сеопфатна здравствена проверка на вашиот камион и гумите во една брза постапка. Освен што ќе ви обезбеди одржување со висок квалитет, таа исто така го заштедува времето поминато во сервисната работилница и бројот на потребни посети.

Скенирање на шарите за 7 секунди

Оваа уникатна технологија базирана на ласер обезбедува за кратко време точни податоци за длабочината на шарите за сите ваши гуми. Таа скенира четири тркала за само седум секунди и нуди зачудувачка мерна точност од една десетина од милиметар.

Поддршка за гуми

Поддршка за гуми

Ви помагаме да ги изберете пневматиците кои ја оптимизираат економичноста на гумите и ја минимизираат потрошувачката на гориво, во согласност со вашиот специфичен камион и работа. Исто така можеме да ви помогнеме да заштедите време и простор преку складирање на вашите гуми за време на летото и зимата.

Заштедете време, гуми и пари

Постапка на сервисирање

Одржување што штеди време

Изведувањето на целото одржување на едно место заштедува на посетите на сервисната работилница и скапоценото време. Како и нашата ефикасна најмодерна постапка на сервисирање.

Сервис за камиони

Камион во врвна состојба

Нашето висококвалитетно одржување ги заштитува перформансите и вредноста на вашиот камион. Тоа го подобрува вашето време во возна состојба и ја одржува вашата работа побезбедна.

Обезбедена функционалност

Намалени трошоци за гуми и гориво

Вистинските гуми и превентивното одржување, вклучувајќи го и точното нагодување на тркалата, овозможуваат да ги максимизирате ефикасноста на горивото и животниот век на шарите.

Возач

Погодност и помалку администрација

Со само една сервисна работилница за посетување, само еден контакт за повикување и само една фактура за обработка, вашето одржување станува многу полесно и поефикасно.

Оптимизирано време во возна состојба

Помал ризик од непријатни изненадувања

Нашето превентивно одржување ви овозможува да дејствувате врз ризиците пред да се претворат во проблеми. Тоа го минимизира ризикот од застои, поправки и неочекувани трошоци.

Контрола на трошоците

Подобрена контрола на трошоците

Нашите оперативни трошоци стануваат попредвидливи. Плаќате фиксна цена по километар, а нашата превентивна грижа го минимизира ризикот од непредвидени поправки.

Златен договор за гуми

Златен договор за гуми

Златниот договор за гуми ви нуди сѐ: успокојувачко следење на гумите во реално време, ефикасна услуга со едно запирање и поволна поддршка за гуми. Сѐ ова по фиксна цена по километар, обезбедувајќи успокојувачка контрола на трошоците и помалку администрација.

Оригинално Volvo сервисирање

Оригинално Volvo сервисирање

Нека вашиот камион го одржуваат највештите сервисери во најмодерната сервисна работилница користејќи ги најсоодветните алатки и делови.

Дознајте повеќе
VT

Прочитајте повеќе за Услугата за управување со гуми

Најдете го најблискиот дилер