Камиони

Возење во градежништво

Теренски услови. И поголем ризик за незгоди. Не постои предизвик за возење како оној на градилиште. 

Градежништвото е конкретен бизнис, кој бара конкретно знаење. Курсот е особено фокусиран кон предизвиците што возачите ги имаат на градилиштата и кога возат вон патот.

Нашиот курс „Возење во градежништво“ објаснува како да извлечете максимум од вашиот камион и да го зголемите времето за работа, но и како да ракувате и одржувате камион за градежништво со цел да го поштедите возилото и да избегнете оштетување. На пример, возењето врз меки подлоги со висок и подвижен центар на гравитација го зголемува ризикот од превртување. Кога се свесни за ризиците и физиката, возачите можат да избегнат голем број на непријатни ситуации и потенцијални незгоди.

Во овој курс, возачите учат како да ја зголемат својата самодоверба во контролата на возилото додека ја максимизираат продуктивноста.

Материјали за курсот
 

  • Како да се минимизира ризикот од несреќи
  • Техники за возење на терен
  • Ризик од превртување
  • Одлики за возење на терен на вашето возило

Придобивки од курсот
 

  • Избегнување застои и минимизирање на трошоците за поправка
  • Зголемување на безбедноста на возачот и работна средина
  • Помалку сообраќајни незгоди и помал ризик од повреди
  • Намален стрес и замор
  • Зголемена самодоверба во контролата на возилото и перформанси на возење

Детали за курсот
 

  • Часови за CPC
  • Метод на обука
  • Цена на курсот
  • Референци за курсот

Возете со самодоверба во градежништво

За да ги откриете времето и локацијата на нашиот следен курс и за да закажете курс, контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks.