Што барате од вашата работа како техничар? И без да ве познаваме, претпоставуваме дека цените да работите со високотехнолошки производи, кои ќе ви помогнат да напредувате. Дека уживате да претставувате бренд, чиишто водечки иновации во индустријата ве прават горди. И, дека очекувате да добиете шанса да ја развивате вашата кариера паралелно. Да не ја споменуваме желбата за можност да се биде дел од тим со одлични колеги. Ако сте како нас и размислувате на сите овие работи, тогаш Volvo Trucks е местото за вас. Аплицирајте за работа како техничар сега за да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.
Тој е прав првенец со јасна амбиција во животот: напредок преку учење. Потрага по средината и компанијата во којашто може да се развива. Искористување на максимумот од неговата пасија.
Име: Реза Ибраими
Возраст: 21
Семејство: мајка и браќа/сестри
Живеалиште: Лунд, Шведска
Работи како: техничар кај дилер на Volvo Trucks во Малме, Шведска
Ужива во: фудбал, патувања
Професионална страст: високо-развиена технологија, решавање проблеми, развој
Тој е фанатик по мотори со страст за брзина и врвни резултати. Тој е исто така семеен човек, којшто презема одговорности и ја планира иднината.
Име: Даниел Фрелих
Возраст: 30
Семејство: жена и ќерка
Живеалиште: Бергхајм, Германија
Работи како: техничар кај дилер на Volvo Trucks во Фрехен, Германија
Ужива во: возење мотор, семејниот живот
Професионална страст: технологија на мотори, одржливост, развој
Човек кој има план и сака да се дружи. Којшто свесно избира што прави за да напредува и којшто е подготвен да работи за да го оствари тоа. Без притоа да се оттуѓи од старите пријатели.
Име: Ричи Барлоу
Возраст: 24
Семејство: родители, сестра и нејзиното семејство
Живеалиште: Саутхемптон
Работи како: техничар кај еден од дилерите на Volvo Trucks во Лондон, Обединетото Кралство
Ужива во: планински велосипедизам, дружење со пријателите
Професионална страст: возила со високи перформанси, тимска работа, развој
Тој е семеен човек со јасни приоритети. Да изгради дом за своето семејство и кариера со којашто ќе биде дел од водечката технологија. Секогаш се стреми за подобро.
Име: Ладислав Плишка
Возраст: 36
Семејство: жена, син и ќерка
Живее во: Жијар над Хроном
Работи како: техничар во Volvo Truck Center во Зволен, Словачка
Ужива во: семејниот живот, градењето на новата куќа
Професионална страст: телематика, дијагностика, развој
Свесни сме дека сериозно ја земате вашата кариера, затоа и ние сме сериозни околу неа. Истражете што нудиме и изберете го сето она што ви е важно.
Приклучете им се на лидерите во индустријата
Volvo Trucks е еден од најголемите производители на тешки камиони во светот, лидер во развојот на транспортната индустрија со декади благодарение на револуционерните иновации. Заедно ќе туркаме понатаму за уште поголем успех.
Работа на камиони што ја предводат технологијата
Камионите на Volvo се познати по извонредниот квалитет и перформанси. Приклучете му се на тимот и стекнете се со искуство од прва рака за технологијата којашто ќе помогне транспортот на утрешнината да биде уште побезбеден, почист и поефикасен.
Работа во модерна работилница
Сервисните работилници во мрежата на дилери на Volvo Trucks се направени согласно потребите на луѓето што работат во нив. Во нив ќе работите со најновите уреди за аналитика, алати и опрема. Нашата амбиција е да овозможиме најпрофесионална и најпријатна можна работна средина во бизнисот.
Градење кариера со развој
Развојот е единственото нешто што е постојано во Volvo Trucks. Кога работите за нас, ќе имате можност да учествувате во сите наши програми за обука што се одвиваат постојано. Односно, очекуваме дека ќе учествувате. Бидејќи нашиот напредок е можен само ако вие напредувате.
Добијте фер зделка
Во Volvo Trucks, веруваме во наградувањето на оние што се компетентни и посветени. Исто така, знаеме дека кога вработените се задоволни, тие имаат подобри резултати и затоа нудиме конкурентни плати, како и други опфатни пакети со бенефиции кои ќе ве обезбедат и збогатат во животот.
Уживајте во одличниот баланс меѓу работата и приватниот живот
Го цениме фактот дека не ви е само работата важна во животот. Поради тоа, правиме крајни напори да ви понудиме работни услови, кои ќе го земат предвид вашиот семеен живот и ќе ве поддржуваме да имате здрав живот. Нашата насоченост кон одржливоста не се однесува само на нашите возила.
Раст со прогресивни вредности
Сакаме да имате активна улога во нашата компанија, па затоа работиме напорно за да создадеме средина којашто ќе ве инспирира да правите придонес. Сакаме вашиот глас да биде слушнат и вашите идеи да бидат уважени. Во Volvo Trucks покажуваме почит кон сè.
Приклучете се во голем тим
Во Volvo Trucks ќе имате тим од неверојатни личности од сите сфери на животот. Заедно ќе ги користите вашите вештини и искуства за да ги завршувате задачите. Доживувајќи инспиративни предизвици и фантастична колегијалност.
Volvo му го даде на светот сигурносниот појас со три точки на прицврстување, безбедносната кабина и сè уште ненадминатиот менувач I-Shift. Со постојаното развивање на технологијата, продолжуваме да ја туркаме транспортната индустрија напред.