Спецификации на шасијата за Volvo FMX

  • Висини на шасијата
  • Максимално оптоварување на предната оска
  • Задно потпирање
  • Руди
  • Резервоари за гориво
  • Резервоари за AdBlue
  • Седла
  • Volvo динамичко управување
  • Кревање на тандем-оската
  • Автоматска контрола на силата на влечење
  • Tag-оски
  • Pusher-оски
  • Сопирачки

Висини на шасијата

Med  приближно 900 mm
High приближно 1.000 mm
X-High  приближно 1.200 mm
XX-High  приближно 1.240 mm

Максимално оптоварување на предна оска (тони)

  Воздушно  Листесто 
Med  10 
High  10/20*
X-High    10/20*
XX-High    10/20*
* Со двојни предни оски (FAA20/FAA21)

Макс. оптоварување на предна оска (тони)

FA-LOW Ниска предна оска за средни висини на шасијата, оптоварување на оската до 9 тони.
FA-MED Средна предна оска за средни висини на шасијата, оптоварување на оската до 10 тони.
FA-HIGH Висока предна оска за големи висини на шасијата и оптоварување на оската до 10 тони.
FA-XHIGH Екстра висока предна оска за екстра големи висини на шасијата, оптоварување на оската до 10/18* тони.
FA-XXHIGH Погонувана предна оска, оптоварување на оската до 9/18* тони.
Двојни предни оски – FA-HIGH/FA-XHIGH На располагање за конфигурациите 8×2 и 8×4, оптоварување на оската до 18 тони.

Задно потпирање

Тип Комбинација на оските Тип на потпирање Оптоварување на оска/повеќеосна група Редукција Други оски
Единечна           
RAD-L90 4×2 Параболично/со повеќе листови 13 t Едностепена/во главината на тркалото  
RAD-GR 4×2 Воздушно  13 t Едностепена/во главината на тркалото  
RAD-G2 4×2 Воздушно  13 t Едностепена/во главината на тркалото  
RAD-L90 4×4 Параболично/со повеќе листови 13 t Во главината на тркалото   
           
Повеќеосна група           
RADT-AR 6×2 Параболично 19/21 t Едностепена/во главината на тркалото Фиксна tag-оска
RADT-GR 6×2/8×2 Воздушно 19/20,5/22,5/23 t Едностепена/во главината на тркалото Фиксна/управувана/самонасочувачка tag-оска
RAPD-GR 6×2 Воздушно 19/22 t Едностепена/во главината на тркалото Фиксна/управувана pusher-оска
RADD-G2 6×4/8×4 Воздушно 21/23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-BR 6×4/8×4 Параболично 21 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-TR1 6×4/8×4 Параболично/конвенционално листесто 23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-TR2 6×4/8×4 Конвенционално листесто 26/32 t Во главината на тркалото  
RADD-GR 6×4/8×4 Воздушно 21/23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
RADD-BR 6×6 Параболично 21 t Во главината на тркалото  
RADD-TR1 6×6 Параболично/конвенционално листесто 26 t Во главината на тркалото  
RADD-TR2 6×6 Конвенционално листесто 26/32 t Во главината на тркалото  
RAPDT-GR 8×2 Воздушно 27/30/30,5/31,5/32 t Едностепена/во главината на тркалото 3 оски/управувана pusher-оска и управувана или фиксна tag-оска
RADDT-GR 8×4 Воздушно 27/33/36 t Едностепена/во главината на тркалото 3 оски/управувана tag-оска
RAPDD-GR 8×4 Воздушно 27/30,5/32/35 t Едностепена/во главината на тркалото 3 оски/управувана pusher-оска
RADDT-G2 8×4 Воздушно 27/33/36 t Едностепена/во главината на тркалото 3 оски/управувана tag-оска
RADD-BR 8×6 Параболично 21 t Во главината на тркалото  
RADD-TR1 8×6 Параболично/конвенционално листесто 26 t Во главината на тркалото  
RADD-TR2 8×6 Конвенционално листесто 26/32 t Во главината на тркалото  

Влечни куки
Влечните куки за приколки со централна оска монтирани централно, половина оддолу и оддолу. Влечните куки може да се поставуваат во чекор од 25 милиметри. 

Резервоари за гориво
Алуминиумски и челични резервоари од 150 до 900 литри. Максималниот капацитет за гориво е 1.480 литри за 4×2 влечно возило. 

Резервоари за AdBlue
Пластични. Зафатнина од 32 до 90 литри. AdBlue-пумпата е интегрирана со модулот на резервоарот за AdBlue. 

Седла
Сертифицираната инсталација дозволува оптоварување од 36 тони. Во опсегот е вклучено ISO седло со профили со L-форма на разни висини, со што се нуди значителна слобода на избор. Седлото монтирано со фланша е варијанта со мала тежина бидејќи не бара никаква плоча за прикачување. Висината на седлото над шасијата е околу 140 милиметри. Интегрираното подмачкување и индикаторот за приклученост на приколката се достапни како опција за одредени варијанти.

Сопирачки
EBS (Електронски контролиран систем за сопирање) обезбедува супериорна реакција, перформанси и чувство на сопирање и во исто време обезбедува пристап до голем број пригодни одлики. EBS сега е достапен за диск-сопирачките и за Z-брежестите барабан-сопирачки (за определен опсег на конфигурации на оски и висини на шасијата). Надградете го вашиот систем на сопирање со додавање на пакетот EBS Medium или која било дополнителна опција.

Volvo динамичко управување
Активен систем на управување со torque overlay. Тој обезбедува поголема сила за управување при мали брзини, ги намалува ударите од управувањето и го одржува управувачот право при сопирање на подлога со различна лизгавост. Управувачот автоматски се враќа во неутрална позиција кога возите напред и кога возите наназад.

Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските, освен оние со погонувана предна оска (4×4, 6×6, 8×6 и 10×6).

Кревање на тандем-оската
Овозможува исклучување и кревање на најзадната погонска оска од повеќеосната тандем-група за да се намали потрошувачката на гориво и радиусот на свртување. Со притисок на копче на контролниот пулт, возачот може да ја подигне оската кога камионот не е натоварен. Кога камионот е натоварен, оската автоматски се спушта и се вклучува.

Кревање на тандем-оска е достапно за конфигурациите 6×4 и 8×4 (со повеќеосна тандем-група) опремени со диск-сопирачки.

Автоматска контрола на силата на влечење (ATC)
Автоматски ја вклучува погонуваната предна оска кога е потребно и ја исклучува кога теренот го дозволува тоа, штедејќи гориво и подобрувајќи ја способноста за маневрирање. ATC е стандард за сите конфигурации на Volvo FMX со погонувана предна оска (4×4, 6×6, 8×6 и 10×6).

Tag-оски
На располагање во неколку конфигурации – фиксни со единечни или со двојни тркала, самоуправувачки или активно управувани. Оптоварување на оските: 7,5; 9,5 или 10 тони. 

Pusher-оски
На располагање е за влечните возила и за соло-камионите во фиксна варијанта и во варијанта со активно управување. Оптоварување на оските: 7,5 или 9 тони.

EBS MEDIUM

Освен одликите од пакетот EBS Standard, EBS Medium ги нуди и следниве одлики:

EBS контрола на статусот
Следење на статусот на EBS преку електронскиот систем на возилото TEA2+ и алатката Volvo Tech.

Помош за тргнување на нагорнина
Сопирачките се ослободуваат само кога има доволно голем вртежен момент на моторот да го придвижи возилото нанапред.

Анализа на истрошеноста на облогите
Предупредување за облогите на сопирачките – ја пресметува преостанатата километража што може да се помине со тековните облоги на сопирачките. (Само за диск сопирачки.)

Автоматско ослободување на паркирната сопирачка
Паркирната сопирачка се ослободува кога е селектиран степен на пренос и возачот ќе го притисне педалот за гас (само за менувачите I-Shift).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ

Како дополнување на програмските пакети постојат и следниве опции:

Сопирачка за развлекување (Stretch Brake)
Овозможува возачот да побара импулсно сопирање на приколката. Потоа сопирачката автоматски се активира и ризикот од превиткување се минимизира.

ESP (Електронска програма за стабилизација)
Системот за стабилност на сопирањето индивидуално ги активира сопирачките на секое тркало, со што обезбедува стабилност за целата комбинација на возила и противдејство на превиткувањето, превртувањето и нишањето на приколката. ESP е сообразен со законодавството за Електронска контрола на стабилноста на возилото и е достапен за возила со 2 и 3 оски.

Алармно светло на сопирачките
При панично сопирање при брзини поголеми од 50 km/h, светлата на сопирачките трепкаат четири пати во секунда. 

Хидрауличен забавувач
Компактен забавувач монтиран на менувачот со максимален ефект од 440 kW.

Преземи

Спецификации на шасијата

Преземете ги комплетните спецификации на шасијата како PDF. Преземи(PDF, 2.3 MB)
Најдете го вашиот локален дилер

Ви се допаѓа? Возете го

Единствениот начин навистина да ја искусите нашата динамична, нова шасија е зад управувачот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер