Спецификации на кабината за Volvo FMX

  • Димензии на кабината
  • Одлики на кабината

  

Димензии на кабината

Кабина Day

Кабина Day (FMX-DAY) со комфорно и ергономско место за возачот. Внатрешна височина од 157 сантиметри. 114 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Кабина Sleeper

Кабина Sleeper (FMX-SLP) со простор за комфорно ноќевање за едно лице. Внатрешна височина од 157 сантиметри. 114 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Кабина Globetrotter

Кабината Globetrotter (FMX-HSLP) располага со простор за комфорно ноќевање на две лица. Кабината нуди дополнителен простор за складирање погоре. Внатрешната височина е 196 сантиметри, 153 сантиметри кај капакот на одделот за моторот.

Кабина Crew

Кабина Crew со доволно простор за неколку дополнителни патници, до 7 лица. Внатрешна височина 1.590 милиметри.

Одлики на кабината

Потпирање на кабината во четири точки.

Изберете меѓу целосно потпирање со конвенционални пружини со придушувачи или целосно воздушно потпирање со автоматска контрола на израмнувањето.

Внесување воздух

Внесувањето воздух е поставено на левата страна и е достапно за високите и за ниските верзии.

Бои на кабината

Изберете од околу 650 варијанти. 

Седиште на возачот

Два различни избори: Standard и Comfort. И двата може да се нарачаат
со дополнителен тапацир. Вкупниот опсег на нагодување на седиштето е 200
милиметри напред-назад и 100 милиметри вертикално. Стандардно, седиштето на возачот е опремено со потпирач за главата, потпирач за грбот што може да се нагодува и да се преклопува, нагодување нагоре-надолу и напред-назад, потпора за половината што може да се нагоди и нагодување на аголот на седиштето.

Седиште на совозачот

Достапни се две различни нивоа: Standard и Comfort. Двете може да се нарачаат со дополнителен тапацир. Седиштата на совозачот стандардно се опремени со потпирач за главата.

Кревети

Долен кревет со димензија 70×200 сантиметри. Душек од 16 сантиметри со џебни пружини и одлични нивоа на комфор. Три опции на цврстина: Мек, полутврд, тврд. Достапни се две опции на заштитна преслека на душеците: го подобруваат комфорот на спиење и ви овозможуваат полесно местење на креветот. Комфорен горен кревет со димензии: 70×190 сантиметри или 60×190 сантиметри (опција за кабината Globetrotter).

 

 

 

 

Внатрешен простор за складирање

Просторот над ветробранот се состои од два големи оддели за складирање со врати-ролетни, како и четири ISO-прегради од кои едната е зачувана за тахографот. Под креветот во кабината за спиење и Globetrotter ќе најдете две големи прегради за складирање до кои може да се пристапи однадвор. Во одделот за спиење има две прегради за оставање списанија и мали предмети. Во контролниот пулт има четири отворени прегради за складирање, мала кутија за складирање, DIN преграда, вдлабната полица и држач за шише.

Надворешен простор за складирање

Просторот за складирање до кој може да се пристапи однадвор може да се најде зад седиштата на совозачот и на возачот.

Отвор на покривот

Кабината е опремена со отвор на покривот што може да се отвора 50 милиметри. Во внатрешноста е поставена перфорирана завеса за сонце, која има и улога на мрежа за инсекти кога отворот на покривот е отворен. Со отворот на покривот се ракува рачно.

 

Управувач

Управувачот се испорачува во две различни големини – со дијаметар од 450 милиметри или 500 милиметри, во зависност од спецификациите на камионот. Висината
на управувачот може да се приспособува за 90 милиметри, а
аголот за 28 степени. Управувачот е достапен со или без воздушно перниче. Интегрираните команди во управувачот обезбедуваат безбедно и комфорно управување со темпоматот, сирената, телефонот и функциите на дисплејот за информирање на возачот и секундарниот информативен дисплеј.

Систем за климатизација

Има избор од два алтернативни системи за климатизација кои ги покриваат сите потреби:

• Клима-уред со рачна контрола (MCC).

• Клима-уред со автоматска контрола на температурата (ECC/ECC2).

Системот за климатизација, исто така, може да биде дополнет со грејач на кабината и на моторот

за на паркинг.

 

 

Тапацир на седиштето

Робусно
Платно, Платно/Винил или Кожа
Динамично Платно, Платно/Винил или Кожа
Прогресивно
Меко платно или Кожа
Сите комфорни седишта се достапни во верзија со вентилација.  

Тапацир на ѕидот

Робусно Винил
Динамично Платно
Прогресивно Платно

Преземи

Спецификации на кабината

Преземете ги комплетните спецификации на кабината како PDF. Преземи(PDF, 1.8 MB)
Најдете го вашиот локален дилер

Чувствувајте се како дома

Раскомотете се. Пробајте го седиштето. Креветот. Погледнете во сите ормарчиња. Нема да поверувате колку простор има.

Најдете го вашиот локален дилер