Volvo FMX е исклучително цврст камион, за тешка работа

Најробустен камион што го имаме направено кога и да било

Доволно силен да влече до 32 тони. Доволно цврст да удри во бетонски ѕид и да продолжи да вози. Краевите на браниците се направени од висококвалитетен челик со дебелина од 3 милиметри. Фаровите се поставени високо, далеку од удари. Ако успеете да направите сериозна штета (а малку е веројатно), разделените плочи на каросеријата обезбедуваат штетата да биде изолирана. А видливите шрафови ви дозволуваат сами да го замените делот. Сето ова го одржува вашиот Volvo FMX во возна состојба и на локацијата – каде што припаѓа.

Додадовме многу челични делови, но зголемувањето на тежината е минимално – можеби пет или шест кила. Додека робустноста се зголеми многу пати.

Ханс Бергквист

Дизајнер на Volvo FMX, Volvo Trucks

Цврстина во дизајнот

Како кутија, со причина

Новиот уред за влечење, новата рамка на браникот, новите заштитни плочи – сè е прицврстено на предната заштитна греда со огромни држачи. Резултатот е неверојатно цврста предна страна како кутија. Ударите со мала брзина се апсорбираат и резонанцијата речиси целосно е елиминирана – како и тресењето на кабината од неа. 

Сила на влечење од многу тони

Уредот за влечење

Направен во еден дел од лиено железо, толку цврст што може да турка или влече до 32 тони. Толку силен, што ако камионот ви лежи на оските, а тркалата вртат во празно, багер – или друг Volvo FMX -може веднаш да ве извлече. И поради тоа што уредот за влечење е достапен, можете да го користите како скала за качување на предната страна на камионот.

Кај уредот за влечење има уште многу добри работи
Постигнува добри резултати на тестовите на судари

Тестиран на судир

Пробавме да ја пробиеме предната страна користејќи челична греда и речиси 3 тони притисок. (Кутиестата конструкција се однесува како пружина, речиси целосно го враќа својот облик). Удривме во тежок бетонски блок. (Челичната предна страна малку се свиткува, но во голема мера го враќа својот облик). И извршивме уште дузина застрашувачки тестови на судари во нашиот репертоар. Затоа, кога ќе кажеме дека Volvo FMX е најробусниот камион што го направивме кога и да било, навистина го мислиме тоа.

Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте за робусност?

Локалниот дилер на Volvo Trucks е подготвен да ви ја покаже секоја одлика што го прави Volvo FMX најробусниот камион што го направивме кога и да било.

Најдете го вашиот локален дилер