Деликатните услови на возење не се пречка за Volvo FMX

Екстремна подвижност

Кога калта или песокот ќе го голтнат патот, единствен начин да ги избегнете проблемите е да продолжите да се движите. Автоматската контрола на силата на влечење (ATC) обезбедува дека токму тоа и ќе го направите. Оваа револуционерна одлика автоматски ја активира предната оска во вистинскиот момент кога ви е потребна и ја исклучува кога не ви е потребна. Потоа, тука е Volvo динамичкото управување, кое го прави управувањето без напор и ја измазнува секоја нерамнина на патот.

ATC ги обезбедува сите придобивки од погонуваната предна оска по избор, додека во исто време е исто толку пригодна како и постојаниот систем.

Јонас Одермалм

Менаџер во градежниот оддел, Volvo Trucks

Автоматска контрола на силата на влечење помага кога движењето станува тешко

Не прави какви било компромиси

Погонуваната предна оска ви помага да ги избегнете проблемите. Но, кога е вклучена, таа ја влошува способноста за маневрирање. За разлика од системите со постојан погон на сите тркала, Автоматската контрола на силата на влечење (ATC) ви го дава најдоброто од двата случаи. Кога е вклучена предната погонувана оска, вие ја добивате целата потребна сила на влечење. А, кога не е вклучена (што е случај при најголем дел од времето), ја подобрувате способноста за маневрирање на камионот.

Откријте ја Автоматската контрола на силата на влечење
Volvo динамичко управување: ви дава повеќе контрола, полесно

Управување без напор

Кога работите стануваат тешки под тркалата, ќе ви треба Volvo динамичко управување Паметната технологија обезбедува до 85% дополнителна сила на управување и ги отстранува нарушувањата. Така, можете да седнете и да уживате во понепречено, постабилно и помалку напорно возење.

Повеќе причини да го сакате Volvo динамичкото управување
Кревање на тандем-оската

Кренете ја оската. Помали свртувања

Кревањето на тандем-оската ви овозможува исклучување и подигнување на една од погонските оски. Кога оската е крената, камионот се однесува слично на 4x2 или 6x2, резултирајќи со помал радиус на свртување и значително подобрено маневрирање. Тоа исто така може да ја намали потрошувачката на горивото до 3%.

Прочитајте повеќе за кревање на тандем-оска
Volvo FMX камионите можат да се пофалат со импресивно растојание до патната подлога кога се целосно натоварени

Пострмни ридови, подлабоки ровови

Ја поместивме погонуваната предна оска 100 милиметри понапред, давајќи му на камионот подобар приоден агол. И ја редизајниравме (од запчениците на диференцијалот до лежиштата) за да биде посилна и поаеродинамична. Исто така, го интегриравме паралелниот лост зад самата оска, правејќи цврстото куќиште на оските да биде најниската точка на возилото и значително подобрувајќи го растојание до подлогата при целосно натоварен камион.

Најдете го вашиот локален дилер

Не мора да ни верувате на збор

Лично искусете ја екстремната подвижност со посета на локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер