Моторот Volvo FMX беше прецизно конструиран да штеди гориво

Нашите мотори со најефикасно искористување на горивото

Нашиот опсег мотори беше прецизно конструиран да штеди гориво без загрозување на перформансите. Ја оптимизиравме геометријата на комората за согорување. Вертикално дизајнирани, централно поставени единични инјектори. Зголемен степен на полнење со гориво...

Можеме да продолжиме да зборуваме (и да зборуваме) за нашите технички достигнувања. Она што е најважно за овие иновации е разликата што тие ја прават за вашиот краен резултат. И за животната средина.

Запознајте ги нашите мотори
Автоматска контрола на силата на влечење ја максимизира ефикасноста на горивото

Автоматска контрола на силата на влечење

Потребна е погонувана предна оска. Но, нашето истражување покажува дека потребен ви е само 2–5% од времето. Останатото време, трошите гориво. Автоматска контрола на силата на влечење помага да се максимизира ефикасноста на горивото. Кога не е потребна дополнителната сила на влечење, системот автоматски ја исклучува предната оска, намалувајќи го количеството на гориво што би се потрошило.

Откријте ја Автоматската контрола на силата на влечење
I-Shift може да заштеди до 5% во споредба со рачниот менувач

I-Shift – едноставен, сигурен и со голема ефикасност на искористувањето на горивото

I-Shift ги максимизира перформансите и ефикасноста преку следење и реагирање на масата на возилото, стрмнината на патот, брзината и забрзувањето. Поврзан со дизел-моторот на Volvo, тој ја намалува потрошувачката на гориво до 5% во споредба со рачниот менувач.

I-Shift е, исто така, зајакнат и надграден за да ги исполни потребите за примена во сурови услови. Исто така, тој е достапен за сите комбинации на оските, вклучувајќи ги и камионите со погонувана предна оска.

Поздравете го I-Shift
Совет за гориво - дизајнирано за заштеда

Совет за гориво – доследно намалување

Продолжете да ги постигнувате вашите цели за горивото. И гледајте како се смалуваат како што станувате поефикасни. Претплатете се на нашата услуга Совет за гориво и ќе бидете поврзани со личен инструктор за гориво. Со нивната редовна анализа, експертски упатства и поддршка на располагање, веднаш ќе почнете да штедите гориво и ќе се подобрувате од година во година.

Колку може Советот за гориво да ви заштеди?
Dynafleet и обуката работат заедно во прилог на ефикасното искористување на горивото

Откријте ја моќта што ја даваат податоците

Заедно, со Dynafleet и обуката на возачите, може да заштедите до 7% гориво. 

Dynafleet – следете ја вашата ефикасност на искористување на горивото

Запознајте го нашиот интелигентен систем за управување со возниот парк. Следете го извршувањето на вашите камиони и возачи во реално време и гледајте ги автоматски генерираните рангирања за ефикасно искористување на горивото. Потоа, направете споредби, забележете ги трендовите и спроведете профитабилни промени за штедење гориво.

Истражете го Dynafleet

Обука за возачи – мали промени, големи заштеди

Нашиот курс за ефикасно возење ви помага да го извлечете максимумот од секоја капка гориво. Дел од програмата на Volvo Trucks за развој на возачите, докажаниот систематски приод создава шеми на возење со ефикасно искористување на горивото и одржливи, долгорочни заштеди – и е најефикасен во комбинација со извештаите на Dynafleet.

Обука за возачи на Volvo>

Најдете го вашиот локален дилер

Дозволете да се дотркалаат заштедите

Клучот за економија на горивото е да ја имате од самиот почеток. Дилерот на Volvo Trucks е експерт за штедење гориво. Зошто да не им побарате помош?

Најдете го вашиот локален дилер