Браникот на Volvo FMX е обложен со полипропилен

Браник со двојна цврстина

Висококвалитетниот челичен браник е цврст. Толку цврст, што можете да удрите во куп ѓубре и нема да забележите речиси никакво оштетување. Тој исто така има дебела облога од полипропилен што го штити браникот.

Браникот е направен од три дела и има лесно достапни шрафови кои ви дозволуваат самите да го замените секој оштетен дел – заштедувајќи ви посета во сервисната работилница и зголемувајќи го времето во возна состојба.

Системот за предна заштита од навлегување под камион ги заштитува патниците во автомобилот

Системот за предна заштита од навлегување под камион (FUPS)

Целосниот долен дел на предната страна има кутиеста конструкција. Индивидуалните делови работат заедно за да го направат неверојатно цврст и отпорен при директен судир со автомобил. FUPS е дизајниран да ги заштити патниците во автомобилот со тоа што се смачкува наназад и апсорбира еден дел од силата.

Заштитната плоча го заштитува моторот и ги намалува правливите виори

Долната заштитна плоча

Возењето надвор од патот може да биде опасно за вашиот мотор. Затоа Volvo FMX има опционална редизајнирана долна заштитна плоча од 3 милиметри што ги заштитува картерот, цревата и ладилникот на моторот. Сè што може да се оштети при возење надвор од патот е заштитено – дури и при движење наназад. И ако возите во правлива средина, таа, исто така, ги намалува правливите виори под камионот.

Најдете го вашиот локален дилер

Водење од предната страна

Започнете од предната страна. Но, како што одите околу Volvo FMX, ќе видите зошто е тој најробусниот камион што го имаме направено кога и да било. Побарајте ги клучевите од локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер