Кревањето на тандем-оската автоматски се спушта кога камионот е натоварен

Оптимален режим на возење

Кревањето на тандем-оската е идеално ако возите тешко натоварен камион во една насока и празен камион во спротивната насока. Кога камионот не е натоварен, само притискате копче на контролниот пулт за исклучување и кревање на погонската оска. Штом ќе го натоварите камионот, погонската оска автоматски се спушта и повторно се вклучува за да обезбеди максимална сила на влечење и управливост. Потребни се само 15 секунди од почеток до крај за да не губите скапоцено време.

Кренатата оска ја намалува потрошувачката на горивото до 3%

Заштедете до 4% гориво

Погонските оски произведуваат триење и отпорност на тркалање – што го зголемува количеството на гориво што мора да го користите. Со исклучувањето и кревањето на оската кога не ви е потребна, може да ја намалите потрошувачката на гориво до 4% при патувањето назад со крената оска. И значително да ја зголемите вашата заработка.

Кренатата оска може да го намали радиусот на свртување за еден метар

Подобра способност за маневрирање

Кога оската е крената, камионот се однесува слично на 4x2 или 6x2, резултирајќи со помал радиус на свртување и значително подобрено маневрирање. 6×4 со меѓуосно растојание од 4,6 метри, на пример, може да го намали радиусот на свртување за повеќе од еден метар.

Кренатата оска може да создаде подобра влечна сила

Добијте зафат

Потребна ви е подобра влечна сила? Доколку дозволува ограничувањето на товарот на оската, едноставно притиснете копче на пултот и можете да ја префрлите тежината само на една погонска оска. Тоа можете да го изведете дури и при возење со мали брзини. 

Најдете го вашиот локален дилер

Кренете ја оската. Зголемете го профитот

За и самите да ја искусите кренатата тандем-оска, посетете го вашиот локален дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер