Тест во живо на растојанието од патната подлога на Volvo FMX

Видеото со техничарот

Подобрено растојание до патната подлога на Volvo FMX

Подобрено растојание до патната подлога

Пружини. Воздушни перници. Стабилизатори. Тие традиционално беа сместени под оската, на мета на карпите и камењата. Но, не повеќе. Нашите инженери го превртеа воздушното потпирање и го поставија над погонската оска. Каков беше резултатот? Добивате растојание до подлогата на листесто потпирање со комфор и ефикасност на воздушно потпирање.

Кус заден препуст на Volvo FMX

Покус препуст

Новиот дизајн на потпирањето не остави ништо зад задната оска што би пречело на кипањето. Сега може да кипате директно во машината за асфалтирање.  

Воздушното потпирање значи помалку вибрации и комфорно возење

Подобра влечна сила, помалку вибрации

Оптимизираниот притисок на секоја оска значи подобра влечна сила. Дополнителните подобрувања може да се направат со рачно нагодување на распоредувањето на оптоварувањето на оските. Исто така, воздушното потпирање испраќа помалку вибрации во камионот. Добиениот комфор и поголемите просечни брзини ја зголемуваат вашата продуктивноста (зголемување од 5­–10 km/h на нашите тестови). А намаленото оштетување од вибрации, значи подобро време во возна состојба.

Стабилизаторите во центарот на повеќеосната група ја подобруваат стабилноста

Стабилизатори во центарот на повеќеосната група

Подобрените стабилизатори играат важна улога во новото воздушно потпирање. Превртени и поставени централно меѓу оските, сега тие ги пренесуваат силите од патот и приколката во најцврстиот дел на рамката за да ја подобрат стабилноста од превртување. 

Volvo FMX со GRAS-G2 е совршен за кипери и машини за асфалтирање

Воздушно потпирање

Воздушното потпирање обезбедува извонреден комфор на возење и овозможува да се менува растојанието до патната подлога. Ниеден дел од потпирањето не оди надвор од линијата на задните пневматици (со 315/80R22.5 пневматици). Со ова шасијата може полесно да се приспособува за апликации, како што се машини за асфалтирање или кипери.

GRAS-G2 задното воздушно потпирање е достапно низ целиот опсег

Низ опсегот

GRAS-G2 задното воздушно потпирање е достапно низ целиот опсег: 4×2, 4×4, 6×2, 6×4, 6×6, 8×2, 8×4, 8×6, 10×4 и 10×6. Ова го вклучува концептот Tridem кој е проектиран за справување со бруто маса од 36 тони на повеќеосна група со три оски и 10 тони напред.

Најдете го вашиот локален дилер

Тркалајте се со него

Направете пробно возење на Volvo FMX со задно воздушно потпирање и ќе ја почувствувате разликата. Веднаш. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер