Volvo I-Shift го прави возењето полесно, побезбедно и многу покомфорно.

Само возете

I-Shift го прави возењето полесно, побезбедно и многу покомфорно. Нема тешка спојка и нема менувач со кој ќе се борите. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано. Едноставноста на системот го намалува заморот на возачот, при што ви помага да се фокусирате на патот и на сообраќајот околу вас. А, ако сакате рачно да го менувате степенот на пренос, копчето на рачката на менувачот ви дава директна контрола врз менувачот.

I-Shift менувачот на Volvo со поефикасна потрошувачка на горивото

Штеди на гориво

I-Shift е дизајниран да штеди гориво – до 5%. Внатрешните загуби на енергија се помали од оние кај рачните менувачи, но, електрониката е таа што всушност ја прави разликата. Секое менување на степенот на пренос е прецизно темпирано. Ова обезбедува моторот да работи во најефикасниот опсег на вртежи, без разлика дали е во economy или performance режим на возење. Дополнително, кога патувате по надолнина, I-Roll го одвојува моторот - максимизирајќи ја инерцијата на камионот и заштедувајќи дополнителни 2% гориво.

Volvo I-Shift: како функционира

Како функционира

I-Shift се базира на „класичниот“ несинхронизиран рачен менувач – оттаму доаѓа неговиот компактен дизајн и малите внатрешни загуби. Сепак, магијата се случува во електронската контролна единица која управува со спојката и менувањето на степените на пренос. Преку проценка на информациите за брзината, масата, стрмнината на патот и потребниот вртежен момент, таа применува крајна прецизност при секое менување на степенот на пренос. Исто така, системот комуницира и со моторот, дозволувајќи му да го нагоди бројот на вртежите и сопирачките за најдобри перформанси.

Засилен за примена во сурови услови

Засилен за примена во сурови услови

Ако возите во екстремно тешки услови, тогаш ќе го цените зајакнатиот I-Shift. Тој е дизајниран исклучиво за опкружувања каде често се качувате или се спуштате по стрмнини поголеми од 10% или возите по екстремно груби терени. Тоа значи дека I-Shift сега е достапен за услови каде рачниот менувач или автоматскиот Powertronic досега беа единствените опции.

I-Shift со степени на пренос за бавно движење – Стартувајте каде што сакате

I-Shift со степени на пренос за бавно движење – Стартувајте каде што сакате

I-Shift тукушто стана уште поразновиден и полесен за возење. Автоматскиот менувач сега е достапен со избор од еден или два степени на пренос за бавно движење, плус дополнителната опција за екстра степени на пренос за движење наназад. Ако превезувате тешки товари, тогаш знаете дека тргнувањето од место понекогаш може да биде тешко, особено на стрмен терен или при лоши услови на патот. Во краен случај може да треба да го истоварите товарот или дури да побарате влечење, што има катастрофален ефект на вашето време во возна состојба и продуктивност. Опремете го вашиот Volvo FMX со I-Shift со степени на пренос за бавно движење и ова ќе стане грижа од минатото. Вашата способност за тргнување е драматично подобрена, а напрегањето на спојката е намалено за 75 проценти, чувајќи ве од непотребни поправки.

Движете се бавно, возете штедливо

Движете се бавно, возете штедливо

Дали I-Shift со степените на пренос за бавно движење навистина може да помогнат да се подобри економијата на горивото? Секако. Бидејќи претходно вие често бевте подготвени да ја жртвувате економијата на горивото за способност за стартување. Но, благодарение на степените за пренос за бавно движење, сега можеме да ви специфицираме камион со побрз преносен однос на задна оска што ви овозможува да ја одржувате патната брзина при многу помал број на вртежи кога возите на добри патишта. Тоа ја намалува потрошувачката на гориво за неколку проценти.

Совршена контрола во секоја насока

Совршена контрола во секоја насока

Маневрирањето при мала брзина е еден од најпредизвикувачките аспекти во работата. Благодарение на преносниот однос до 32:1 (и до 37:1 за назад), I-Shift со степените на пренос за бавно движење ви овозможува да возите со мали брзини дури и од 0,5 до 2 km/h. Секогаш имате целосна контрола, олеснувајќи го прецизното паркирање кога треба да го товарате и истоварате товарот и да избегнете незгоди што можат да ви го уништат денот и продуктивноста. 

Кажете да за повеќе работа.

Кажете да за повеќе работа.

I-Shift со степени за пренос за бавно движење ја дополнува разновидноста на камионот, овозможувајќи ви да го користите истиот камион за мноштво различни услови на возење и задачи. Возите на патот и надвор од патот? Треба да превезувате екстремни товари? Работите на големи надморски височини? Специјални примени со мала брзина? Нема проблем.


Модулот со степени на пренос за бавно движење додава само 120 mm на должината и 48 kg на тежината на I-Shift.

Каков I-Shift сакате?

Каков I-Shift сакате?

Софтверот овозможува да се скрои I-Shift според вашите услови на возење. Изберете од четирите дополнителни пакети – Градежништво, Дистрибуција, Превоз на долги релации или Превоз во тешки услови – како и од неколкуте опции како I-See, степени на пренос за бавно движење и дополнителна функционалност за давање погон.

VT

Попаметно менувајте ги степените на пренос

Ви треба I-Shift за вашиот камион? Контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks за да го тестирате.

Најдете го вашиот локален дилер