Сопирачката за развлекување на Volvo FMX спречува превиткување

Сопирачката за развлекување

Кога вртите или возите на надолнина на лизгав пат, новата сопирачка за развлекување се активира за да ви помогне да спречите превиткување. Таа работи со примена на кратки импулси на сопирање на приколката, со што се развлекува композицијата на возилото. Можете да изберете автоматско активирање на сопирачката за развлекување во опасни ситуации, при брзини до 50 km/h. Stretch Brake сега е на достапна за соло-камиони и за влечни возила.
Светло на алармната сопирачка на системот за поддршка на возачите на Volvo

Алармно светло на сопирачките

Доколку нагло нагазите на сопирачките, светлата на сопирачките почнуваат брзо да трепкаат за да ги предупредат возилата зад вас – едноставен начин за избегнување судири на задната страна опасни по живот.
Адаптивен темпомат и предупредување за преден судир со алармна сопирачка на системот за поддршка на возачите на Volvo

Адаптивен темпомат и предупредување за судир со алармна сопирачка

Во густ сообраќај, радарски базираниот приспособлив темпомат ви помага да одржувате безбедно растојание од возилата пред камионот преку контрола на педалот за гас и на сите достапни сопирачки.

Доколку постои опасност од судир, нашиот интуитивен систем за предупредување за судир ве предупредува со проектирање светло на ветробранот. И алармната сопирачка автоматски се активира, со што значително ја намалува опасноста од сериозни повреди.
Поддршка за менување на лентата на системот за поддршка на возачите на Volvo

Поддршка за менување на лентата

Кога е активирана, поддршката за менување на лентата користи радарска технологија за да скенира дали во слепата точка на страната на совозачот има други учесници во сообраќајот. Ако не е безбедно да се смени лентата, добивате предупредување со звучен сигнал и трепкачка икона до ретровизорот на совозачот.
Електронска програма за стабилизација на системот за поддршка на возачите на Volvo

Електронска програма за стабилизација

Нашата електронската програма за стабилизација (ESP) на Volvo ефикасно ја намалува опасноста од пролизгување и превртување. Во опасни ситуации таа веднаш се вклучува, намалувајќи ја моќноста на моторот и активирајќи ги посебно сопирачките на секое тркало на камионот и приколката. Сега ESP е на располагање за најголемиот дел спецификации на камиони – за влечни возила и за соло-камиони.
Подобрени перформанси на лоши патишта за I-Shift на системот за поддршка на возачите на Volvo

Подобрени перформанси – лоши патишта

Оптимално менување на степените на пренос. Помош за тргнување. Поддршка за возење во лоши услови надвор од патот и на ридести терени. Оваа софтверска програма ја приспособува трансмисијата I-Shift да ви даде максимална поддршка во предизвиците со кои се соочувате секој ден.

Пакет за активна безбедност

ACC со предупредување за преден судир и алармна сопирачка
Поддршка за менување на лентата
Поддршка за алармирање на возачот
Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте за побезбедно возење?

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за самите да ги истражите нашите системи за поддршка на возачот.

Најдете го вашиот локален дилер