Дизел-моторите на Volvo со екстремно широк опсег на вртежен момент

Поглднете ги нашите криви

Одличен вртежен момент при мал број вртежи. Екстремно широк опсег на максимален вртежен момент. А, врвниот вртежен момент се совпаѓа со врвната моќност. Споредете ги нашите криви на вртежниот момент и ќе ја видите разликата. Качете се во кабината и ќе го почувствувате – неверојатно забрзување, ненадмината влечна сила и пријатно возење со ефикасно искористување на горивото при голема брзина.

Дизел-моторите на Volvo со ефикасно искористување на горивото

Вградена ефикасност на искористување на горивото

Оптимизирана геометрија на комората за согорување. Брзо и прецизно EMS-контролирано впрскување. Голем степен на полнење со гориво. Можеме уште да продолжиме да набројуваме зошто нашите мотори имаат толку голема ефикасност на искористување на горивото. Она што е поважно е разликата што тие ја прават за вашиот краен резултат. И за животната средина.

Патентираната моторна сопирачка VEB+ од Volvo

Моторна сопирачка на Volvo: VEB и VEB+ до 375 kW ефект на сопирање

Нашата патентирана моторна сопирачка, VEB+, користи единствен дизајн на оската со брегови за да апсорбира до 375 kW (510 КС) на D13. На D11, моторната сопирачка на Volvo (VEB) апсорбира до 290 kW. Кога е споена со нашиот систем на трансмисија I-Shift и паметниот темпомат, стрмните и деликатни надолнини се многу побезбедни и со поголема ефикасност на искористувањето на горивото.

Почисти, поеколошки мотори

Нашите Euro 6 мотори се огромен скок кон почист транспорт и намалено влијание врз животната средина. Моќноста и ефикасноста на искористување на горивото се еквивалентни со Euro 5 моделите, но ние ги преполовивме емисиите на честички и ги намаливме азотните оксиди за речиси 80%. 

Нашето Euro 6 решение: преглед

Како делува нашето решение за Euro 6

1. Мотор
Новите компоненти на моторот го подобруваат протокот на гасовите и обезбедуваат издувните гасови да стасаат до системот за пост-третман со оптимална температура.

2. Седми инјектор
Специјален дизел инјектор се користи за управување со топлината на DOC и ја гарантира ефикасноста на DPF и добрата функционалност на SCR.

3. Дизел оксидациски катализатор (DOC)
Дизел оксидациски катализатор2 потребен за DPF ефикасно да ги согори честичките. Во студени услови тој ја обезбедува и топлината потребна за обновување.

4. Филтер за дизел честички (DPF)
Филтерот ги собира и чува честичките (PM) додека не согорат за време на обновувањето. Регенерацијата настанува автоматски – не мора да преземете никакво дејство.

5. Селективна каталитичка редукција (SCR)
Во зоната на мешање, издувните гасови се прскаат со AdBlue. Кога азотните оксиди (NO2) ќе дојдат до катализаторот, тие ефикасно се трансформираат во безопасен гасовит азот и вода.

6. Катализатор на неизреагиран амонијак (ASC)
Последниот чекор пред издувната цевка каде се отстранува преостанатиот амонијак (NH3), доколку го има.

Volvo FMX со осум различни моќности

Изберете ги коњските сили

Одберете од осумте различни моќности. Има четири 11-литарски (D11) и четири 13-литарски (D13) опции.

Најдете го вашиот локален дилер

Посведочете ја моќноста

Искусете ја силата и ефикасноста на нашите мотори кај локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер