Volvo FMX со погон на сите тркала за одлична влечна сила

Преземете контрола

Вклучувањето на диференцијалот може да се одбере автоматски или рачно – по оска или за сите погонувани оски. Сите диференцијали може да бидат вклучени во текот на возењето. Тоа ви ја дава контролата што ви е потребна за вашиот камион да продолжи да се движи.

Со користење на диференцијалот само тогаш кога тоа е потребно, ќе заштедите гориво и ќе го минимизирате абењето на трансмисијата ­– намалувајќи ги трошоците, но и застоите. 

Volvo FMX со погон на сите тркала сега доаѓа со ATC како стандард

Направена за големи стрмнини

Новата погонувана предна оска е дизајнирана за голем вртежен момент и за тешки товари. И е поставена 100 милиметри понапред во споредба со претходните модели – давајќи ви многу подобар агол на приоѓање кога искачувате големи стрмнини (28° со погонувана предна оска и димензии на пневматиците 13R22.5). 

Volvo FMX со аеродинамична линија на подвозјето

Сè е заштитено

Растојанието до патната подлога е важно за нас. ...и за вас. Затоа ги израмнивме паралелните и попречните лостови со оската, над линијата на куќиштето на оската. И се осигуривме дека коморите на сопирачките и резервоарите за гориво се добро заштитени на шасијата, така што ништо нема да го попречи вашето минување преку трупци, карпи и камења.

Најдете го вашиот локален дилер

Искусете возење со погон на сите тркала

Вклучете една оска или вклучете ги сите. Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе ви го покаже копчето. Останатото зависи од вас.

Најдете го вашиот локален дилер