Внатрешноста на кабина на Volvo FMX во Raven

Не е црн. Туку raven.

Ја дизајниравме софистицираната црно-кафеава боја специјално за внатрешноста на Volvo FMX. И ја крстивме Raven. Таа е помалку осетлива на дамки, со што е совршена за на градилиште.

Инструменти: секогаш лесни на дофат

Информација од прв поглед

Инструмент-групата ги става виталните информации напред и во центар, а помалку користените команди подалеку. Флексибилните прекинувачи ви дозволуваат да ги одберете функциите што сакате да бидат најблиску до управувачот.

Инструмент-група

Функции на дофат на вашите прсти

Неколку функции се поместени од рачките во командите вградени во управувачот. Тие се логично групирани според функцијата и лесно се наоѓаат со прстите.

Многу простор за складирање

Многу простор за вашите работи

Пространиот простор за складирање напред, под креветот, назад и надвор може да биде приспособен точно за вашите потреби. Електричното ормарче за сушење се става на горниот кревет или на ѕидот на кабината и е брз начин да ги исушите вашата облека, крпи и чевли.

Исто така, има голем број нови прегради околу вас за работи како на пример документација. Вградената вдлабната полица на врвот на контролниот пулт е совршено место за чување дребулии. Има место за вашите пенкала, за телефон и USB приклучок. Има дури и држач за шише кој може да се склопи.

Ергономски дизајниран управувач

Одличен управувач

Новиот управувач лесно се приспособува и ви дава повеќе простор за колената. Ергономскиот дизајн на управувачот нуди разни опции за ракофатот – затоа тој е удобен целиот ден. А ја имате и опцијата со кожа за малку екстра луксуз.

Новото седиште на возачот

Истакнато седиште

Новото возачко седиште ги подобрува поддршката, опсегот и местото за нозете и може да се нагодува 20 сантиметри напред-назад и 10 сантиметри вертикално. Новото перниче го прави поудобно од кога и да е и имате избор од четири различни тапацири.

Простран долен кревет

Паметен начин на спиење

Не го расипувајте квалитетот на спиењето само затоа што ја минувате ноќта во кабината. Долниот кревет е широк 70 сантиметри, има џебни пружини од 16 сантиметри и избор од три различни нивоа на цврстина. И можете да ги контролирате внатрешните светла, будилникот, грејачот за паркинг, аудио системот, прозорците и бравите без да станувате од креветот.

Преглед на внатрешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на внатрешноста на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

VT

Качете се, вљубете се

За тура во кабината на Volvo FMX, контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks. Тие со задоволство ќе ве прошетаат наоколу.

Најдете го вашиот локален дилер