Колку повеќе го користите, толку подобро ќе изгледа.

Асок Џорџ

Дизајнер за надворешност, Volvo Trucks

Одликите на дизајнот ја надополнуваат робустноста: Volvo FMX го прикажува растојанието до патната подлога

Поголем. Подобар. Посилен

Сите познати елементи на Volvo FMX се тука, само подобрени и унапредени. Предната заштитна решетка е поцврста и поголема, како и краевите на браникот. Централниот уред за влечење е направен од лиено железо и може да влече до 32 тони. А новите фарови се поставени повисоко каде што помала е веројатноста да бидат оштетени.

Плочите на каросеријата на Volvo FMX се конструирани лесно да бидат отстранети или заменети

Дизајн што заштедува време

Погледнете ги изложените делови за прицврстување на крајните делови на браникот и плочите на каросеријата. Тие не само што го надополнуваат робусниот изглед на камионот, туку значат дека и сами можете брзо да ги замените плочите. Сето тоа е дел од нашата филозофија на додавање вредност на функционалноста – и намалувањето на времето што го поминувате во сервисната работилница.

Браникот на Volvo FMX: издржлив и практичен

Предната страна – сè е поврзано со времето во возна состојба

Челичниот браник обложен со полипропилен е направен да издржи речиси сè што може да фрлите на него (или да удрите во него). Имате избор од два тврдокорни штитници за вашите моќни биксенонски светла. А долната заштитна плоча од 3 милиметри го чува подвозјето недопрено. Така што, без разлика на работата, Volvo FMX продолжува да се движи.

Дознајте повеќе за предниот дел
Скалило за влегување на Volvo FMX

Дизајнирана за градежништво

Како возач на градежен камион, често влегувате и излегувате од кабината. Ниското влезно скалило на склопување прави тоа да биде побрзо, а неговиот дизајн против лизгање го прави безбедно. Тенките држачи на ретровизорот ви даваат одлична видливост напред, а високо поставениот влез за воздух го подобрува погледот при движење наназад. И не грижете се ако се залепи кал на ветробранот – само качете се на предниот дел на кабината за да го исчистите. Секој детаљ е дизајниран за животот што го водите вие и вашиот камион.

Преглед на надворешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Изберете од над 650 бои. Сите „зелени“.

Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја.

Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.

Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење.

Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Ако не можете да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.

VT

Потчукнете го малку

Клоцнете го. Застанете на браникот. Брцнете во фаровите. Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе ви покаже колку цврст е Volvo FMX.

Најдете го вашиот локален дилер