Кревање на тандем-оската

Шасија за градежништво

Задното воздушно потпирање ги минимизира вибрациите, револуционализирајќи го комфорот на возење и минимизирајќи го амортизирањето на камионот. Автоматската контрола на силата на влечење (ATC) ви нуди влечна сила на сите тркала кога таа ви е потребна – и ја подобрува способноста за маневрирање и ефикасноста на искористување на горивото кога не ви е потребна.

Потоа тука е кревањето на тандем-оската, кое ви ја нуди силата на влечење и капацитетот на товарање на погон на тандем-оска, со управливоста и ефикасноста на единечна погонувана оска. А доколку е потребно да ги преземете најтешките задачи, вашиот Volvo FMX може да биде фабрички опремен со пет оски – заштедувајќи ви време и трошоци за составување на каросеријата.

Погледнете ги сите одлики на Volvo FMX

Флексибилната основа на шасијата

Основата на шасијата на влечното возило Volvo FMX

Шасија за влечно возило

1. Кутија за акумулатори (BBOX-L)
300 милиметри понапред од претходниот дизајн, нудејќи 100–120 литри поголем капацитет за гориво.

2. Кутија за акумулатори (BBOX-EF)
Опција за поставување назад помеѓу рамките на шасијата.

3. Резервоар за AdBlue
Може да се монтира 50-литарски резевоар над рамката, зад кабината, за поголем капацитет за горивото (ADTP-BC).

4. Модулатор за снабдување со воздух
Поставен помеѓу рамките на шасијата, тој остава повеќе место за опремата што се монтира на шасијата, како на пример, резервоарите за гориво. Опција за поставување назад помеѓу рамките на шасијата.

Скицирана основа на шасијата

Шасија на соло-камион

1. Слободен простор на рамката
Опремата на шасијата може да се помести наназад за да се остави простор за ногалки на дигалка или друга опрема. (FAA10 – прибл. 500 милиметри; FAA20 – прибл. 600 милиметри).

2. Ред отвори на рамката за поставување каросерија
Горниот ред отвори е резервиран за поставување на каросеријата. Сите држачи се поместени и имаат одбојник од 8 милиметри. Не се користат заковки.

3. Подготовка за дигалка
Шасијата може да биде фабрички монтирана со плочи за дигалка.

4. Задно воздушно потпирање и краток заден крај
Редизајнираниот нанапред монтиран стабилизатор за бочна крутост има способност да го намали задниот препуст – што е придобивка за примените во градежништвото, меѓуврската со машина за асфалтирање и за примените со заменливи сандаци.

Најдете го вашиот локален дилер

Повозете се

Единствениот начин навистина да ја искусите шасијата на Volvo FMX е во акција. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер