Volvo FM. Но 20% помалку CO2

Камион за тежок регионален транспорт и транспорт на долги релации. Што вози и функционира исто како Volvo FM што го познавате. Но со помала трага плус потенцијал за помали трошоци за гориво. И нема потреба да правите компромис ниту со управливоста ниту со продуктивноста.

Euro 6 step C ● 420 КС/2100 Nm или 460 КС/2300 Nm ● I-Shift ● Влечно возило или соло-камион ● 4×2, 6×2 или 6×4 ● Работен опсег до 1.000 km 

Пет главни причини да го изберете Volvo FM LNG

Нема ниту еден друг камион како овој на пазарот. Погледнете што го прави единствен и зошто тој е одличен избор за вашиот бизнис и за животната средина. 

Volvo FM LNG вози и функционира исто како Volvo FM што го познавате

Вози и функционира како дизел

Погонската група во нашите нови камиони со погон на гас се базира на нашата позната технологија на мотори. Никој друг не нуди ништо слично на ова. Ги испорачува истите перформанси, но со 20% помалку емисии* на CO2. Новиот Volvo FM LNG со погон на гас вози и функционира исто како Volvo FM што го познавате. 

Погледнете ги спецификациите
Намалете ги вашите трошоци за гориво со Volvo FM LNG

» Намалете ги трошоците за гориво

Новите камиони на Volvo со погон на гас ја нудат истата ефикасност во искористувањето на горивото како и нашите еквиваленти со погон на дизел. Меѓутоа, бидејќи течниот природен гас често е поевтин, постои добра можност да ги намалите вашите трошоци за гориво. 

Намалете ја вашата трага со Volvo FM LNG

Намалете ја вашата трага

Истиот транспорт при иста брзина. А сепак со 20% помала трага* на CO2. Доколку вашите амбиции во врска со животната средина се големи, Volvo FM LNG ќе ви понуди предност на самиот почеток. А доколку целите повисоко, може да користите био-ТПГ и да ги намалите вашите емисии за 100%*. Голем чекор кон нула емисии на CO2

Новиот мотор G13C со погон на гас

Добијте солидно решение

Моторот е срцето на секој камион. Новиот мотор со погон на гас се базира на нашиот модерен мотор D13K. Но ние го развивме уште повеќе, со иновативни решенија кои функционираат на гас. Резултатот? Новиот мотор G13C со ефикасност на исто ниво со дизелот. И можете да ги очекувате истите интервали на сервисирање, сигурност и перформанси. 

Одржлив транспорт

Издвојте се од вашите конкуренти

Дали вашите клиенти бараат одржлив транспорт? Добро. Volvo FM LNG веднаш нуди 20% намалување* на емисиите на CO2. И дури не мора да правите компромис со капацитетот за товарење или продуктивноста. Или пак, со конкурентноста.

* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“. 

Доменико Монге, Генерален директор на Monge & C Spa

Користењето возила што се полнат со гас не само што ќе ѝ помогне на животната средина во голема мера. Туку е и придобивка за нашата компанија преку кратење на директните и индиректните трошоци.

Доменико Монге

Генералниот директор на Monge & C Spa ги споделува неговите големи планови за иднината.

Менаџерот на производи на Volvo Trucks за новите камиони со погон на гас

Општеството бара почисти алтернативни горива. ТПГ нуди потенцијал како краткорочно и долгорочно решение со значително помало влијание врз климата.

Тобијас Бергман

Менаџерот на производи на Volvo Trucks за новите камиони со погон на гас.

Кон нула емисии

Енергетската ефикасност и алтернативните горива се од суштинско значење во нашата стратегија за движење кон одржлив транспорт. Новиот Volvo FM LNG со погон на гас веднаш нуди 20%* намалување на трагите на CO2. А можноста за работа со био-ТПГ значи потенцијално намалување од 100%*. Овој камион отвора долгорочни можности за префрлање на обновливи горива – правејќи нè помалку зависни од изворите на фосилна енергија. 

Сите овие се значајни чекори кон нашата визија за нула емисии на CO2 и превози што се одржливи – како за животната средина така и за вашиот бизнис. 

 

* Ова ги покрива емисиите од возилото за време на користењето, познато како „од резервоар до тркало“. 

Најдете го вашиот локален дилер

Пробајте го и самите

Локалниот дилер на Volvo Trucks е подготвен да дискутира со вас за одликите и придобивките на FM LNG. 

Најдете го вашиот локален дилер