Volvo FM: ветуваме 100% време во возна состојба со златниот договор

100% време во возна состојба – со гаранција

Врвен дизајн, компоненти со највисок квалитет, извонредно сервисирање и широка мрежа за поддршка. Додајте ја нашата телематичка технологија и Volvo златниот договор и добивате гаранција за 100% време во возна состојба. Тоа значи дека вашиот камион ќе биде достапен секогаш кога ќе ви треба. А ако не е, ќе ви најдеме нов камион, или финансиски ќе ви компензираме.

Зголемете го времето во возна состојба
telematics

ТЕЛЕМАТИЧКА ПОРТА – ВАШ СЕРВИСЕР ВО КАМИОНОТ

Оваа паметна технологија ѝ овозможува на сервисната работилница да ги гледа информациите за моторот, километражата и потрошувачката на гориво. Сервисерите, исто така, можат да ги видат кодовите на грешка и го надгледуваат статусот на критичните компоненти (плочки на сопирачки, спојка, акумулатор, итн.). Ваквото надгледување ги намалува непланираните застои. Тоа, исто така значи дека сервисната работилница е целосно подготвена кога ќе пристигнете, така што ќе се вратите назад на патот во најкратко можно време.

Volvo Action Service: достапен со притискање на копче

Volvo Action Service On Call – само притиснете го копчето

Непланирано застанување среде пустелија? Притиснете го копчето VAS On Call и автоматски ќе бидете поврзани со оператор кој го зборува вашиот јазик (камионот ја проверува националноста на картичката во дигиталниот тахограф). Операторот ја знае вашата точна локација, идентификацијата на вашата шасија и може да му ги пренесе на сервисерот кои било дијагностички кодови на грешка. Седете мирно, помошта е веќе на пат.

Земете копче VAS
Volvo FM со иновативна безбедносна одлика

Помалку незгоди. Повеќе време во возна состојба

Опседнати сме со безбедноста. Таа е во нашата ДНК. А тоа е од првенствена важност кога го дизајнираме секој камион на Volvo. Колку помалку незгоди имате, толку повеќе време вашиот камион (и возачот) се на патот. Иновативните безбедносни одлики на Volvo FM го заштитуваат камионот, возачот и останатите учесници во сообраќајот.

Безбедносни одлики што го спасуваат животот
Најдете го вашиот локален дилер

Сакате 100% време во возна состојба?

Локалниот дилер на Volvo Trucks знае сè за зголемување на времето во возна состојба. Посетете го или повикајте го.

Најдете го вашиот локален дилер