Спецификации на погонската група на Volvo FM

  • Мотори
  • I-Shift
  • Софтверски пакети за I-Shift
  • Рачни менувачи

  • Задни оски
  • Преносни односи на задните оски
  • Комбинации на погонската група
  • Приклучоци за давање погон

  • Мотори

      D11K D13K
    Стандард за емисија Euro 6 Euro 6
    Број на цилиндри 6 6
    Работна зафатнина 10,8 dm3 12,8 dm3
    Òд на клипот 152 mm 158 mm
    Дијаметар на цилиндерот 123 mm 131 mm
    Однос на компресија 17.0:1 17.0:1
    Сопирачки ефект со издувни гасови 160 kW (2.400 вртежи/мин) 200 kW (2.300 вртежи/мин)
    Ефект на VEB 290 kW (2.400 вртежи/мин)  
    VEB опција  
    Ефект на VEB+   375 kW (2.300 вртежи/мин)
    VEB+   опција
    Филтри за масло 2 со полн проток, 1 бајпас 2 со полн проток, 1 бајпас
    Зафатнина на маслото за менување, со филтерот 36 l 33 l
    Вкупна зафатнина на системот за ладење 36 l 38 l

    Интервал за менување масло

    До 100.000 km, или еднаш годишно со VDS4.

    Предуслови за горивото

    Само дизел без сулфур (EN590, макс. 10 ppm сулфур).

    Приклучок за давање погон монтиран на моторот

      Излезен вртежен момент Преносен однос, D11K Преносен однос, D13K
    EPTT650 650 Nm* 1.08:1 1.26:1
    EPTT1000 1.000 Nm*   1.26:1
    * Излезен вртежен момент при возење и во мирување.
    мотор D11K, криви на моќност/вртежен момент

    D11K – Моќност/вртежен момент

    Нето-излезна моќност во согласност со: EC 582/2011

    D11K330 (243 kW)  
    Макс. моќност при 1.600-1.900 вртежи/мин 330 КС
    Макс. вртежен момент при 950-1.400 вртежи/мин 1.600 Nm
    D11K370 (273 kW)  
    Максимална моќност при 1.600-1.900 вртежи/мин 370 КС
    Максимален вртежен момент при 950–1.400 вртежи/мин 1.750 Nm
    D11K410 (302 kW)  
    Максимална моќност при 1.600-1.900 вртежи/мин 410 КС
    Максимален вртежен момент при 1.000–1.400 вртежи/мин 1.950 Nm
    D11K450 (332 kW)  
    Максимална моќност при 1.600-1.900 вртежи/мин 450 КС
    Максимален вртежен момент при 1.000–1.400 вртежи/мин 2.150 Nm
    мотор D13K, криви на моќност/вртежен момент

    D13K – Моќност/вртежен момент

    Нето-излезна моќност во согласност со: EC 582/2011

    D13K420 (309 kW)  
    Максимална моќност при 1.400-1.800 вртежи/мин 420 КС
    Максимален вртежен момент при 860–1.400 вртежи/мин 2.100 Nm
    D13K460 (338 kW)  
    Максимална моќност при 1.400-1.800 вртежи/мин 460 КС
    Максимален вртежен момент при 900–1.400 вртежи/мин 2.300 Nm
    D13K500 (368 kW)  
    Максимална моќност при 1.400-1.800 вртежи/мин 500 КС
    Максимален вртежен момент при 1.000–1.400 вртежи/мин 2.500 Nm
    I-Shift

    Менувач со делител и со менување на опсезите со 12 степени на пренос и со автоматски систем за менување на степените на пренос. I-Shift може да биде опремен со компактен забавувач, приклучок за давање погон, резервна пумпа за сервото на управувачот и разладувач на маслото.

    I-Shift

    Тип Највисок степен на пренос Вртежен момент на моторот Одобрение за БМК
    AT2412F Директен 2.400 Nm 44 t
    AT2612F Директен 2.600 Nm 100 t
    ATO2612F Overdrive 2.600 Nm 100 t

    Софтверски пакети за I-Shift

    Основна верзија (TP-BAS)
    TP-BAS е стандардниот софтверски пакет што се доставува со I-Shift и ги вклучува основните функции на менувачот за сестрано возење.

    Софтвер за промена на I-Shift распределувачкиот преносник (TP-DIST)
    TP-DIST ги приспособува функциите на менувачот на специфичните услови во делот за дистрибуција. Софтверскиот пакет вклучува функции што помагаат на способноста за маневрирање кога се стартува од статична положба, при маневрирање и при возење со мала брзина.

    Софтвер за промена на I-Shift градежен преносник (TP-CON)
    TP-CON ги приспособува функциите на менувачот на специфичните услови во делот за градежништво. Софтверскиот пакет вклучува функции што помагаат на способноста за маневрирање кога се стартува од статична положба, при маневрирање и при возење со мала брзина. Овој софтвер може да издржи потешки услови на патот.

    Софтвер за промена на I-Shift преносникот за долги релации (TP-LONG)
    TP-LONG вклучува интелигентни функции што ја минимизираат потрошувачката на горивото. Овој софтверски пакет е идеален за работа на долги релации каде што најважна е потрошувачката на горивото. Пакетот ја вклучува и функцијата I-Roll.

    Транспорт во тешки услови (TP-HD)
    TP-HD го оптимизира I-Shift за транспорт во тешки услови со големи бруто-маси на комбинацијата (>85 тони). Без разлика на бруто-тежината на комбинацијата, возачот секогаш може да го оптимизира возењето со избирање или деактивирање на режимот за тешки задачи и активирање на режимот превоз за долги релации. Функциите во софтверскиот пакет нуди и
    корист за камиони што влечат повеќе приколки.

    Софтверски пакети за I-Shift

    Варијанти на распродажба TP-BAS TP-DIST TP-CON TP-LONG TP-HD**
    Основни PTO-функции (APF-BAS)
    Подобрени PTO-функции (APF-ENH) o o o o o
    Основно поставување на изборот на степенот на пренос (AMSO-BAS)
    Подобрено приспособување за избор на степенот на пренос, вкл. Kickdown (AMSO-AUT) o o o
    Основни Vocational-функции (AVO-BAS)
    Подобрени перформанси – Лоши патишта (AVO-ENH) o o o
    Основна стратегија за менување на степенот на пренос
    Менување на степенот на пренос со добар перформанс
    Следење на температурата на маслото во менувачот
    Вклучување на тежок старт
    I-Roll (•)
    Паметен темпомат (•)
    Контрола на поаѓањето
    Подобрена стратегија за менување на степените на пренос (GCW ≤ 85 t)
    Контрола на БМК за тешки услови (85 t < GCW ≤ 180 t)
    Степен на пренос за многу бавно движење* (ASO-ULC) o o o
    Степен на пренос за бавно движење* (ASO-C) o o o
    Повеќе брзини за возење наназад* (ARSO-MSR) o o o
    I-See (PVT-BAS) користење на GPS-податоци o o
    I-See (PVT-EXT) користење на GPS-податоци o o
    • Стандардно (•) Функцијата може да се користи кога е активиран TP-LONG. o Опција – Не е достапно
    *Само AT2612F, ATO2612F, ARSO-MSR бара ASO-ULC или ASO-C.
    **Само AT2612F и ATO2612F
    Рачни менувачи

    Рачен менувач со делител и со „менувач на опсези“ со 14 степени на пренос, со два степени на пренос за бавно движење и дванаесет синхронизирани степени на пренос за движење нанапред, плус четири преносни односи за движење наназад. Работењето со сајла дава кратки и јасни движења за менување на степенот на пренос и ги елиминира вибрациите во рачката на менувачот. Патентираниот синхроменувач со серво функција значи мали сили потребни за менување на степенот на пренос. Менувачите може да бидат опремени со компактен забавувач, приклучок за давање погон, резервна пумпа за сервото на управувачот и ладилник на маслото.

    Спецификации на рачен менувач

    Тип Највисок степен на пренос Вртежен момент на моторот Одобрение за БМК
    VT2009B Директен 2.000 Nm 60 t
    VT2214B Директен 2.200 Nm 100 t
    VTO2214B Overdrive 2.200 Nm 100 t
    VT2514B Директен 2.500 Nm 100 t
    VTO2514B Overdrive 2.500 Nm 100 t

    Задни оски

    Тип Комбинација на Запченици Максимален вртежен момент Максимално оптоварување на оска/повеќеосна група Одобрение за БМК
    Едностепен пренос          
    RSS1344C/D Единечна Хипоидни 2.600 Nm 13 t 44 t
    RSS1356 Единечна Хипоидни 2.400/2.800 Nm 13 t 56/44 t
    RSS1360 Единечна Хипоидни 3.550 Nm 13 t 60 t
    RTS2370A Тандем Хипоидни 3.550 Nm 23 t 70 t
    Редукција во главината на тркалото          
    RSH1370F Единечна Конусни со спирални запци 3.550 Nm 13 t 70 t
    RTH2610F Тандем Конусни со спирални запци 3.550 Nm 26 t 100 t
    RTH3210F Тандем Конусни со спирални запци 3.550 Nm 32 t 100 t
    RTH3312 Тандем Конусни со спирални запци 3.550 Nm 33 t 120 t

    Преносни односи на задните оски

    RSS1344C/D RSS1356 RSS1360 RTS2370A RSH1370F RTH2610F RTH3210F RTH3312
    2.31:1* 2.50:1 2.47:1 2.43:1 3.46:1 3.33:1 3.33:1 3.61:1
    2.47:1* 2.64:1 2.64:1 2.57:1 3.61:1 3.46:1 3.46:1 3.76:1
    2.64:1 2.79:1 2.85:1 2.83:1 3.76:1 3.61:1 3.61:1 4.12:1
    2.85:1 3.10:1 3.08:1 3.09:1 4.12:1 3.76:1 3.76:1 4.55:1
    3.08:1 3.44:1 3.40:1 3.40:1 4.55:1 3.97:1 3.97:1 5.41:1
    3.36:1 3.67:1 3.67:1 3.78:1 5.41:1 4.12:1 4.12:1 7.21:1
    3.70:1   4.11:1 4.13:1   4.55:1 4.55:1  
    4.11:1     4.50:1   5.41:1 5.41:1  
    4.63:1     5.14:1     7.21:1  
    5.29:1     5.67:1        
          6.17:1        
    * За RSS1344D

    Комбинации на погонската група

      D11K330 D11K370 D11K410 D11K450 D13K420 D13K460 D13K500
    Рачен менувач
    VT2009B        
    VT2214B  
    VTO2214B  
    VT2514B      
    VTO2514B      
    I-Shift              
    AT2412F  
    AT2612F
    ATO2612F
    Оски со едностепен пренос
    RSS1344C/D
    RSS1356
    RSS1360
    RTS2370B
    Оски со редукција во главината на тркалото
    RSH1370F
    RTH2610F
    RTH3210F
    RTH3312

    Приклучоци за давање погон

    Има широк опсег на приклучоци за давање погон, зависни и независни од спојката, за погонување на сите видови опрема на каросеријата.

    МОНТИРАНИ НА МОТОРОТ

    PTER-DIN
    Приклучок за давање погон монтиран на задната страна на моторот за директен погон на хидраулична пумпа.

    PTER1400
    Приклучок за давање погон монтиран на задната страна на моторот со фланша за хидраулична пумпа.

    PTER100
    Приклучок за давање погон монтиран на задната страна на моторот со фланша за хидраулична пумпа.

    МОНТИРАНИ НА МЕНУВАЧОТ

    PTR-F
    Спојување преку фланша за мал и за голем број на вртежи.

    PTR-FL/FH
    Спојување преку фланша за мал и за голем број на вртежи.

    PTR-D/PTR-DM/PTR-DH
    Мал/среден/голем број вртежи со DIN-спојување за директно приклучување хидраулична пумпа.

    PTRD-F
    Голем број на вртежи со спојување со фланша за директно поставено погонско вратило.

    PTRD-D
    Голем број вртежи со двоен погон. DIN-спојување напред и назад за директно поврзување хидраулични пумпи.

    PTRD-D1
    Голем број вртежи со двоен погон. Спојување со фланша одзади и DIN спојка напред.

    PTRD-D2
    Голем број вртежи со двоен погон одзади и единечен погон напред. Спојување на две фланши одзади и една DIN-спојка напред.

     

    Преземи

    Спецификации за погонската група

    Преземете ги комплетните спецификации на погонската група како PDF. Преземи(PDF, 3 MB)
    Најдете го вашиот локален дилер

    Приближете се до Volvo FM

    Специфицирајте го вашиот совршен камион. Сè се случува кај локалниот дилер на Volvo Trucks.

    Најдете го вашиот локален дилер