Спецификации на шасијата за Volvo FM

 

  • Висини на шасијата
  • Максимално оптоварување на предната оска
  • Задно потпирање
  • Висини на спојување на седлото
  • Руди
  • Резервоари за гориво
  • Резервоари за AdBlue
  •  

     

  • Седла
  • Volvo динамичко управување
  • Кревање на тандем-оската
  • Tag-оски
  • Pusher-оски
  • Сопирачки 
  •  

    Висини на шасијата

    X-Low (влечно возило) приближно 810 mm
    Low приближно 850 mm
    Med приближно 900 mm
    High приближно 1.000 mm

    Максимално оптоварување на предна оска (тони)

      Воздушно Листесто
    X-Low 8
    Low 8
    Med 9 9
    High 9 10/20*
    * Со двојни предни оски (FAA20).

    Задно потпирање

    Тип Оски Потпирање Оптоварување на оска/повеќеосна група Редукција Pusher/tag оски
    Единечна
    RAD-L90 4×2 Параболично/со повеќе листови 13 t Едностепена/во главината на тркалото  
    RAD-GR 4×2 Воздушно 11,5/13 t Едностепена/во главината на тркалото  
    Повеќеосна група
    RADT-AR 6×2 Параболично 19/21 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (фиксна)
    RADT-GR 6×2/8×2 Воздушно 19/20,5/22,5/23 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (фиксна/управувана/самонасочувачка)
    RAPD-GR 6×2 Воздушно 19/22 t Едностепена/во главината на тркалото Pusher-оска (фиксна/управувана)
    RADD-BR 6×4/8×4 Параболично 21 t Едностепена/во главината на тркалото  
    RADD-TR1 6×4/8×4 Параболично/конвенционално листесто 23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
    RADD-TR2 6×4/8×4 Конвенционално листесто 26/32 t Во главината на тркалото  
    RADD-GR 6×4/8×4 Воздушно 21/23/26 t Едностепена/во главината на тркалото  
    RADDT-GR 8×4/10x4 Воздушно 27/33/36 t Едностепена/во главината на тркалото Tag-оска (управувана)
    RAPDD-GR 8×4 Воздушно 27/30,5/32/35 t Едностепена/во главината на тркалото Pusher-оска (управувана)
    RAPDT-GR 8x2 Воздушно 27/30/30,5/31,5/32 t Едностепена/во главината на тркалото Pusher-оска (управувана) + tag-оска (фиксна/управувана)

    Висини на спојување на седлото

    Погон Шасија Потпирање Висина на рамката Висина 5W* Пневматици Мин. висина на спојување** Номинална висина на возење**
    4×2 X-Low RAD-GR 266 140 295/55 867 912
      X-low RAD-GR 266 140 295/60 887 932
      Low RAD-GR 266 140 315/60 955 1015
      Med RAD-GR 266 140 315/70 1014 1075
      Med RAD-GR 300 140 315/70 1031 1092
      High RAD-GR 266 140 315/80 1056 1147
      High RAD-GR 300 140 315/80 1090 1164
    6×2 Low RADT-GR 266 160 315/60 975 1035
      Med RADT-GR 266 160 315/70 1034 1095
      Med RADT-GR 300 160 315/70 1051 1112
      High RADT-GR 300 150* 315/80 1160 1234
      Med RAPD-GR 266 160 315/70 1034 1095
      Med RADT-GR 300 160 315/70 1051 1112
      High RAPD-GR 266 160 315/80 1076 1167
      High RAPD-GR 300 160 315/80 1110 1184
    6×4 High RADD-GR 300 150* 315/80 1173 1234
    8x4 High RAPDD-GR 300 160 315/80 1137 1207
    * +60 mm висина на монтирање
    ** Приближни висини.

    Влечни куки
    Влечни куки за приколки со централна оска монтирани централно, половина оддолу и оддолу. Влечните куки може да се поставуваат во чекор од 25 милиметри.

    Резервоари за гориво
    Алуминиумски и челични резервоари од 150 до 900 литри. Максималниот капацитет за гориво е 1.480 литри за 4×2 влечно возило.

    Резервоари за AdBlue
    Пластични. Зафатнина од 32 до 90 литри. AdBlue-пумпата е интегрирана во модулот на резервоарот за AdBlue.

    Седла
    Сертифицираната инсталација дозволува оптоварување од 36 тони. Во опсегот е вклучено ISO седло со профили со L-форма на разни висини, со што се нуди значителна слобода на избор. Седлото монтирано со фланша е варијанта со мала тежина бидејќи не бара никаква плоча за прикачување. Висината на седлото над шасијата е околу 140 милиметри. Интегрираното подмачкување и индикаторот за приклученост на приколката се достапни како опција за одредени варијанти.

    Volvo динамичко управување
    Активен систем на управување со заобиколување на вртежниот момент. Тој обезбедува поголема сила за управување при мали брзини, ги намалува ударите од управувањето и го одржува управувачот право при сопирање на подлога со различна лизгавост. Управувачот автоматски се враќа во неутрална позиција кога возите напред и кога возите наназад.

    Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските, вклучувајќи ги и камионите со двојни предни оски.

    Кревање на тандем-оската
    Овозможува исклучување и кревање на најзадната погонска оска од повеќеосната тандем-група за да се намали потрошувачката на гориво и радиусот на свртување. Со притисок на копче на контролниот пулт, возачот може да ја подигне оската кога камионот не е натоварен. Кога камионот е натоварен, оската автоматски се спушта и се вклучува. 

    Кревање на тандем-оска е достапно за конфигурациите 6×4 и 8×4 (со повеќеосна тандем-група) опремени со диск-сопирачки.

    Tag-оски
    Достапно во неколку конфигурации – фиксни со единечни или со двојни тркала, самонасочувачки или активно управувани. Оптоварување на оските: 7,5; 9,5 или 10 тони.

    Pusher-оски
    Достапно е за влечните возила и за соло-камионите во фиксна варијанта и во варијанта со активно управување. Оптоварување на оските: 7,5 или 9 тони.

    Сопирачки

    EBS (Електронски контролиран систем за сопирање) обезбедува супериорна реакција, перформанси и чувство на сопирање и во исто време обезбедува пристап до голем број пригодни одлики. EBS сега е достапен за диск-сопирачките и за Z-брежестите барабан-сопирачки (за определен опсег на конфигурации на оски и висини на шасијата). Надградете го вашиот систем на сопирање со додавање на пакетот EBS Medium или која било дополнителна опција.

    EBS MEDIUM

    Освен одликите од пакетот EBS Standard, EBS Medium ги нуди и следниве одлики.

    EBS контрола на статусот

    Следење на статусот на EBS преку електронскиот систем на возилото TEA2+ и алатката Volvo Tech.

    Помош за тргнување на нагорнина

    Сопирачките се ослободуваат штом има доволно голем вртежен момент на моторот да го придвижи возилото нанапред.

    Анализа на истрошеноста на облошките

    Предупредување за облогите на сопирачките – ја пресметува преостанатата километража што може да се помине со тековните облоги на сопирачките. (Само за диск сопирачки.)

    Автоматско ослободување на паркирната сопирачка

    Паркирната сопирачка се ослободува кога е селектиран степен на пренос и возачот ќе го притисне педалот за гас (само за менувачите I-Shift).

    ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ

    Како дополнување на програмските пакети постојат и следниве опции:

    Сопирачка за развлекување (stretch brake)

    Овозможува возачот да побара импулсно сопирање на приколката. Потоа сопирачката автоматски се активира и ризикот од превиткување се минимизира.

    ESP (Електронска програма за стабилизација)

    Системот за стабилност на сопирањето индивидуално ги активира сопирачките на секое тркало, со што обезбедува стабилност за целата композиција на возила и противдејство на превиткувањето, превртувањето и нишањето на приколката. ESP е сообразен со законодавството за Електронска контрола на стабилноста на возилото и е достапен за возила со 2 и 3 оски.

    Алармно светло на сопирачките

    При панично сопирање при брзини поголеми од 50 km/h, светлата на сопирачките трепкаат четири пати во секунда.

    Хидрауличен забавувач

    Компактен забавувач монтиран на менувачот со максимален ефект од 440 kW.

    Преземи

    Спецификации на шасијата

    Преземете ги комплетните спецификации на шасијата како PDF.

    Преземи(PDF, 1.8 MB)
    Најдете го вашиот локален дилер

    Ви се допаѓа? Возете го

    Единствениот начин навистина да ја искусите нашата динамична, нова шасија е зад управувачот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ги има клучевите.

    Најдете го вашиот локален дилер