Целото потпирање е ревидирано и дотерано. Сè е заменето, надградено или подобрено за да се подобри управувањето.

Никлас Фројд

Експерт за динамика на возилата, Volvo Trucks

Volvo FM со подобрена стабилност на управувањето

Стабилен како воз

Со редизајнирањето на геометријата на предното листесто потпирање се намалуваат силите на превртување и драстично се подобрува стабилноста на управување, давајќи ви подобрено чувство на контрола во секоја ситуација. Подобреното предно потпирање го намалува и обемот на потребното коригирање на насоката, така што камионот го следи вашето насочување на автопат и во најострите свиоци.

Volvo FM со намалено преголемо вртење

Контрола на силите

Го трансформиравме и задното воздушно потпирање. Патентираниот дизајн на Volvo има стабилизатори пред оската кои спречуваат несаканите сили од патот да се пренесат на рамката. Исто така, овој дизајн спречува силите од приколката да предизвикаат преголемо вртење на камионот кога влегува во свиок. 

Volvo FM, the epic split (легендарната шпага)

Volvo динамичко управување

Најзначајното нешто после серво-управувањето. Volvo динамичкото управување користи „torque overlay“, за да ги поправи ненамерните движења во управувањето и да обезбеди дополнителен вртежен момент кога тоа е потребно. Резултатот е совршена стабилност при голема брзина, целосна контрола при мала брзина и драстично намалување на напрегањето на вашите мускули.

VT

Не мора да ни верувате на збор

Лично искусете го управувањето од светска класа. Посетете го дилерот на Volvo Trucks – тие со задоволство ќе ви ги дадат клучевите.

Најдете го вашиот локален дилер