Лесно специфицирана шасија за секоја транспортна задача

Колку е флексибилен?

Многу. Резервоарите за гориво можат да бидат на која било страна. Можеме да ја смениме положбата на сандакот за алат, резервоарите за гориво и AdBlue. Должината на задниот крај на рамката може да се приспособи со чекор од 50 mm. Нудиме широк опсег на меѓуоскини растојанија. И сето тоа можеме да го скроиме во фабриката за да ги исполниме вашите точни спецификации.

Погледнете ја основата на шасијата
Volvo FM направен по мерка во фабриката

Фабричка гаранција

Вашиот Volvo FM ќе биде уникатен. Веднаш штом ќе биде нарачан, фабриката ќе ги оптимизира неговите спецификации. За екстремни примени, шасијата може да се направи по мерка во нашата фабрика. Се ова го зголемува квалитетот, го намалува времето на чекање за испорака и ви дава покомплетна гаранција – целосен пакет Volvo.

Интерфејсот за составување каросерија на Volvo го прави лесно

Паметно ожичување

Интерфејсот за составувачите на каросерија на Volvo FM значи дека составувачот на каросеријата може да пристапи до електричниот систем на камионите и да ги скрои функциите. Освен погонувањето на помошната опрема, интерфејсот му овозможува на возачот да ја контролира опремата од пултот и од далечинскиот управувач.

Повеќе за интерфејсот за составување каросерија
Volvo FM со зголемен капацитет на оптоварување на оската

Економија на оските

Го зголемивме капацитетот на оптоварување на оските за да го направиме Volvo FM уште пофлексибилен. Неговите мали висини на шасијата и посилни конфигурации на оските ви помагаат да го најдете оптималното решение – она што ви овозможува да преземате задачи што вашите конкуренти не може да ги преземат и да добиете повеќе од оние што ги имате.

Информативен материјал за Пронаоѓачот на дилери

Толку многу опции

Volvo FM е толку флексибилен што можете да го специфицирате точно како што ви е потребно. Дилерот на Volvo Trucks ќе ви помогне да ја пронајдете вистинската комбинација што функционира за вас.

Најдете го вашиот локален дилер