Гледајте го видеото за да дознаете повеќе за Телематичката порта

Клучот е во телематичката порта

Дозволете ѝ на сервисната работилница да внимава одблизу на статусот на вашиот камион - од далечина

Попаметно планирање сервиси

Со Volvo златниот договор, сервисирањето не го загрозува времето во возна состојба. Телематичката порта ѝ дава пристап на сервисната работилница до податоците за моторот, километражата, потрошувачката на гориво и состојбата на виталните делови додека сте на патот. Тоа значи дека нема да ве повикаме за одржување, сè додека тоа навистина не му е потребно на вашиот камион. Исто така, ќе бидете предупредени за проблем пред да ве тргне од патот, а кога ќе стигнете во сервисната работилница, тие ќе имаат подготвено сè. На тој начин нема да се загуби ниту време, ниту пари

Онлајн-можности: пристап од далечина до сервисерите

Рутинско одржување, од каде и да било

За некои одржувања не треба да се оди на сервис. Со Онлајн можностите, сервисерот може да пристапи далечински до вашиот камион за да ја калибрира покажаната потрошувачка на гориво, големината на резервоарот за гориво (доколку ставивте дополнителен резервоар) и сакуваното ограничување на брзината. Можно е дури и далечинско овозможување на функцијата Индикатор на оптоварувањето. Едноставно застанете покрај патот неколку минути и дозволете му на виртуелниот сервисер да се погрижи за тоа.

Едно VAS копче директно ве поврзува со точната помош на пат

Извонредна помош на патот

Volvo златниот договор вклучува Volvo Action Service On Call. Едноставно притиснете го копчето VAS на пултот и ќе бидете поврзани со оператор кој го зборува вашиот јазик. Тие ќе ја утврдат вашата точна локација и ќе пристапат до дијагностичките кодови на грешка на камионот. Ќе биде испратено сервисно возило најбрзо што може – со вистинскиот механичар, алатки и резервни делови потребни за работата. Без губење време. Без губење ресурси.

Зошто Volvo Action Service е посебен
Најдете го вашиот локален дилер

Фатете го пат. И останете таму

За да дознајте како можете да постигнете 100% време во возна состојба контактирајте го локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер