Уникатна технологија

Нашата патентирана технологија го комбинира конвенционалното хидраулично серво-управување со електричен мотор поставен на механизмот за управување. Процесирајќи ги влезните податоци од неколку сензори, ECU (електронската контролна единица) одредува каде оди камионот и која е намерата на возачот. Моторот се контролира 2.000 пати секоја секунда и користи принцип наречен „torque overlay“, за да ги поправи ненамерните движења во управувањето и да обезбеди дополнителен вртежен момент кога тоа е потребно.

Volvo динамичкото управување сега е достапно за сите комбинации на оските – вклучувајќи ги и двојните предни оски.

Видео за тоа како работи Volvo динамичкото управување

Како работи Volvo динамичкото управување

Стабилно и прецизно управување при секаква брзина

Прелесно возење при секаква брзина

При големи брзини, Volvo динамичкото управување ве одржува стабилно и точно на патеката. А за време на бавно и внимателно маневрирање, тоа ви ја обезбедува силата за управување, без разлика на товарот. Сосем сме сериозни кога велиме дека може да го управувате новиот Volvo FM со еден прст.

Стабилно и прецизно управување дури и при возење наназад

Наназад. Сега е лесно како и нанапред.

Го отстранивме напорот од возењето наназад на целосно натоварен камион. Volvo динамичкото управување ви дава совршена прецизност, управување речиси без напор и автоматски го враќа управувачот во неутрална положба. А со подобрената стабилност на насоката можете да возите наназад повеќе од 100 метри без да скршнете од насоката. 

Стабилен како воз во секакви услови

Возење право како стрела во секакви услови

Поправките на курсот што ги правите по користење сопирачки на нерамна површина? Не постојат. Удари од дупки, бразди и ознаки на патот? Речиси незабележливи. Volvo динамичкото управување го балансира дури и ефектот од силниот страничен ветер. Олабавете го вашиот стисок на управувачот – камионот ќе ја смени насоката кога вие тоа ќе го посакате.

Најдете го вашиот локален дилер

Возете динамично

Контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks за да го искусите најлесното тест-возење досега.

Најдете го вашиот локален дилер