Ниската кабина не вклучува жртвување на возачкиот комфор

1,39 метри на располагање

Ако пренесувате автомобили, ви треба низок камион. Поради тоа што просторот за уште еден често е прашање на сантиметри. Ниската кабина за спиење на новиот Volvo FM е пониска од кога и да било – само 2,61 метри доколку е дадена правилната спецификација. Ако треба да останете во рамките на европските граници од 4 метри, тоа ви остава дури 1,39 метри за вашиот товар.

Без антени што стрчат од покривот

Ненатрупан покрив

Искористувањето на малата висина на кабината значи да немате ништо на покривот. Сите антени на Volvo FM може да се преместат – WLAN-антената на предната полица, телефонската антена на контролниот пулт и антените за уредот за патарина, FM, CB-радио и Dynafleet може да се сместат на страните на кабината.

Зачекорете во ниската кабина на FM

Влегување, излегување

Кога секој ден по цел ден влегувате и излегувате од кабината, тоа треба да е лесно. Кај Volvo FM, екстра ниската шасија го поставува влезното скалило на само 26 сантиметри над подлогата – во зависност од димензиите и брендот на пневматиците. Вратата се отвора цели 90 степени а ракофатите ви дозволуваат лесно да се искачите.

Димензии на ниската кабина на FM

Колку изнесува сето тоа

A. Кабина
Б. Рамка
В. Потпирање
Г. 355/50 пневматици (натоварен)

Најдете го вашиот локален дилер

Одете пониско

Ако кабината low sleeper е ваш тип на кабина, јавете се или наминете кај локалниот дилер на Volvo Trucks. Тие со задоволство ќе ве прошетаат наоколу.

Најдете го вашиот локален дилер