Паметните одлики овозможуваат навистина да заштедите гориво

Пакет за возило LH Fuel

• I-See, со I-Cruise
• Гаснење на моторот во празен òд
• Алтернатор за 24V, 150A Раздвојлив, со 2 цилиндри 900 литри/мин компресор за воздух

I-See. Далековид копилот
I-See ги знае патиштата по кои ќе минувате. I-See го контролира менувањето на степените на пренос и брзината за максимално да се искористи инерцијата на камионот, што доведува до значајни заштеди на гориво.

Гасење на моторот во празен òд. Штеди гориво во мирување
Оваа одлика ви заштедува гориво преку автоматско исклучување на моторот по 2,5 минути празен òд.

Алтернатор за 24V, 150A. Повеќе моќност за помалку гориво
Овој енергетски ефикасен алтернатор бара помалку гориво за полнење на акумулаторите. Ова е особено корисно ако трошите многу напојување – на пример, ако преноќувате во кабината.

Раздвојлив воздушен компресор
Воздушниот компресор автоматски се раздвојува кога не е потребен, што доведува до помала потрошувачка на гориво.

Прочитајте повеќе за I-See
Dynafleet помага да заштедите гориво при целокупната работа

Пакет услуги LH Fuel

• Совет за гориво
• Dynafleet: Гориво и животна средина
• Обука за возачи: Ефикасно возење

Совет за гориво
Ќе имате пристап до нашите инструктори за управување со горивото, кои се експерти за намалување на потрошувачката на гориво. Секој месец тие ќе ви праќаат опширни извештаи за горивото со персонализирани совети за тоа како да ја подобрите вашата ефикасност. Можете да добиете повеќе совети од посветената служба за помош или да се најавите на сајтот за повеќе совети и инспирација.

Dynafleet гориво и животна средина
Нашиот систем за управување со возниот парк ви овозможува да ја следите потрошувачката на гориво во реално време. Анализирајте ги трендовите и откријте каде има простор за подобрување, водени од извештаите за горивото, однесувањето на возачот и влијанието врз животната средина.

Возачка обука: Ефикасно возење
Умешните возачи имаат големо влијание врз ефикасното искористување на горивото. Курсот ефикасно возење – дел од програмата на Volvo Trucks за развој на возачите – ги учи вашите возачи како да возат ефикасно и да ги максимизираат заштедите на гориво.

Прочитајте повеќе за Советот за гориво
Најдете го вашиот локален дилер

Подготвени сте да заштедите?

Наминете кај локалниот дилер на Volvo Trucks – тие ќе ви помогнат да ја намалите потрошувачката на гориво.

Најдете го вашиот локален дилер