Видео што ги објаснува придобивките на Stretch Brake

Сопирачката за развлекување

Кога вртите или возите на надолнина на лизгав пат, новата сопирачка за развлекување на Volvo FM се активира за да ви помогне да спречите превиткување. Таа работи со примена на кратки импулси на сопирање на приколката, со што се развлекува композицијата на возилото. Можете да изберете автоматско активирање на сопирачката за развлекување во опасни ситуации, при брзини до 50 km/h. Stretch Brake сега е на достапна за соло-камиони и за влечни возила.

Видео што ги објаснува придобивките од Поддршката за алармирање на возачот

Поддршка за алармирање на возачот

Поддршката за алармирање на возачот е интелигентен систем којшто го следи вашето однесување при возењето. Доколку вашето однесување се разликува од вообичаеното и покажува замор, тогаш системот ве предупредува со сигнал и порака на дисплејот и ви препорачува да направите пауза.

Видео што ги прикажува придобивките од адаптивниот темпомат и предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake

Адаптивен темпомат со предупредување за преден судир

Во сообраќајот, радарски базираниот приспособлив темпомат ви помага да одржувате безбедно растојание до возилата пред камионот преку контрола на педалот за гас и на сите достапни сопирачки. Доколку постои опасност од судир, на ветробранот се проектираат предупредувачки светла.

Видео што ги објаснува придобивките од Поддршката за менување на лентата

Поддршка за менување на лентата

Кога е активирана, поддршката за менување на лентата користи радарска технологија за да скенира дали во слепата точка на страната на совозачот има други учесници во сообраќајот. Ако не е безбедно да се смени лентата, добивате предупредување со звучен сигнал и трепкачка икона до ретровизорот на совозачот.

Видео што ги објаснува придобивките од Електронската програма за стабилизација

Електронска програма за стабилизација

Нашата електронската програма за стабилизација (ESP) на Volvo ефикасно ја намалува опасноста од пролизгување и превртување. Во опасни ситуации таа веднаш се вклучува, намалувајќи ја моќноста на моторот и активирајќи ги посебно сопирачките на секое тркало на камионот и приколката. Сега ESP е на располагање за најголемиот дел спецификации на камиони – за влечни возила и за соло-камиони.

Видео што ги објаснува придобивките на Светлото за алармната сопирачка

Алармно светло на сопирачките

Доколку нагло нагазите на сопирачките, светлата на сопирачките почнуваат брзо да трепкаат за да ги предупредат возилата зад вас – едноставен начин за избегнување судири на задната страна опасни по живот.

Пакет за активна безбедност

ACC – Приспособлива контрола на крстарење
Поддршка за менување на лентата
Поддршка за алармирање на возачот
VT

Добијте безбедносна надградба

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за да ги видите во акција нашите системи за поддршка на возачот.

Најдете го вашиот локален дилер