Дизел-моторите на Volvo со одлична крива на вртежен момент при мал број вртежи

Поглднете ги нашите криви

Одличен вртежен момент при мал број вртежи. Екстремно широк опсег на максимален вртежен момент. А, врвниот вртежен момент се совпаѓа со врвната моќност. Споредете ги нашите криви на вртежниот момент и ќе ја видите разликата. Качете се во кабината и ќе го почувствувате – неверојатно забрзување, ненадмината влечна сила и пријатно возење со ефикасно искористување на горивото при голема брзина.

Намалени емисии, а сè уште ефикасно искористување на горивото

Вградена ефикасност на искористување на горивото

Оптимизирана геометрија на комората за согорување. Брзо и прецизно EMS-контролирано впрскување. Голем степен на полнење со гориво. Можеме да продолжиме да набројуваме зошто нашите мотори имаат толку голема ефикасност на искористување на горивото. Она што е уште поважно за овие иновации е разликата што тие ја прават за вашиот краен резултат. И за животната средина.

Моторната сопирачка VEB+ со нејзиниот единствен дизајн на оската со брегови

Моторна сопирачка на Volvo: VEB и VEB+
До 510 КС ефект на сопирање

Нашата патентирана моторна сопирачка, VEB+, користи единствен дизајн на оската со брегови за да апсорбира до 375 kW (510 КС) на D13 моторот. На D11, моторната сопирачка на Volvo (VEB) апсорбира до 290 kW. Кога е споена со нашиот систем на трансмисија I-Shift и паметниот темпомат, можете да одржувате висока просечна брзина без нарушување на безбедноста или економијата на горивото.

Почисти, поеколошки мотори

Нашите Euro 6 мотори се огромен скок кон почист транспорт и намалено влијание врз животната средина. Моќноста и ефикасноста на искористување на горивото се еквивалентни со Euro 5 моделите, но ние ги преполовивме емисиите на честички и ги намаливме азотните оксиди за речиси 80%. 

Нашето решение за Euro 6: преглед

Како функционира
Нашето решение за Euro 6

1. Мотор
Новите компоненти на моторот го подобруваат протокот на гасовите и обезбедуваат издувните гасови да стасаат до системот за пост-третман со оптимална температура.

2. Седми инјектор
Специјален дизел инјектор се користи за управување со топлината на DOC и ја гарантира ефикасноста на филтерот за дизел-честички и добрата функционалност на SCR.

3. Дизел оксидациски катализатор (DOC)
DOC произведува NO2 потребен за филтерот за дизел-честички ефикасно да ги согори честичките. Во студени услови тој ја обезбедува и топлината потребна за обновување.

4. Филтер за дизел честички (DPF)
Филтерот ги собира и чува честичките (PM) додека не согорат за време на обновувањето. Регенерацијата настанува автоматски – не мора да преземете никакво дејство.

5. Селективна каталитичка редукција (SCR)
Во зоната на мешање, издувните гасови се прскаат со AdBlue. Кога азотните оксиди (NO2) ќе дојдат до катализаторот, тие ефикасно се трансформираат во безопасен гасовит азот и вода.

6. Катализатор на неизреагиран амонијак (ASC)
Последниот чекор пред издувната цевка каде се отстранува преостанатиот амонијак (NH3), доколку го има.

D11 и D13 мотори од 330 КС до 500 КС

Изберете ги коњските сили

Одберете од седумте различни моќности. Има четири 11-литарски (D11) и три 13-литарски (D13) опции.

Најдете го вашиот локален дилер

Искусете ја моќноста

Бидете сведоци на силата и ефикасноста на нашите мотори кај локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер