Канцеларијата на Volvo FM

Влезете во вашата канцеларија

Тивко, професионално и одлично опремено – тоа е работно место во кое ќе сакате да го минувате времето. Боите и материјалите се педантно избрани. Контролниот пулт елегантно кружи околу просторот. А екстра-големиот ветробран ви дава команден преглед на патот.

Новиот контролен пулт на Volvo FM

Сè на дофат

Без наведнување. Без истегнување. Без тргање на погледот од патот. Во Volvo FM, сите инструменти се точно таму каде ви требаат. Клучната информација ја добивате со само еден брз поглед. А приспособливите копчиња овозможуваат да ви бидат при рака функциите што најмногу ги користите. 

Голем број места за складирање во новиот Volvo FM

Многу простор за вашите работи

Од пенкала и нотеси до вашиот телефон и омилената шолја – многу често малите работи ви помагаат да ја завршите работата. Затоа направивме многу корисни места за складирање. Пространиот простор за складирање напред, под креветот, назад и надвор може да биде приспособен точно за вашите потреби. А големиот број нови прегради овозможуваат работите, како на пример документацијата, да бидат организирани. Има дури и држач за персонален компјутер, корпа за хартија и држач на извлекување за дволитарско шише.

Новото удобно седиште на возачот на Volvo FM

Дали седите удобно?

Новото седиште на возачот ги подобрува потпората, опфатот и местото за нозете. Тоа може да се нагодува 20 cm напред-назад и 10 cm вертикално. А новото перниче го прави поудобно од кога и да е

Управувачот на Volvo FM кој може да се нагодува и да се навалува

Вашата совршена позиција за возење

Управувачот може да се нагодува 90 mm вертикално и да се навалува 28 степени. Пригодно се контролира со ножен педал и може да се тргне настрана кога влегувате или излегувате од кабината. Ергономскиот дизајн нуди разни опции за ракофатот – затоа тој е удобен целиот ден. А ја имате и опцијата со кожа за малку екстра луксуз.

Преглед на внатрешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на внатрешноста на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Најдете го вашиот локален дилер

Раскомотете се

Поставете ја вашата позиција за возење. Испробајте го креветот. Восхитете се од погледот. Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе ви ги претстави сите одлики на кабината на Volvo FM.

Најдете го вашиот локален дилер