Тој е пријателски, безбеден и вреден камион

Јонас Сандстром

Дизајнер за надворешност, Volvo Trucks

Volvo FM за регионален превоз и градска дистрибуција

Урбан дизајн

Тој е и моќен. Аеродинамичен. И направен за на пат. Но, Volvo FM е како дома и на градските улици. Тој е помалку наметлив од некои од негови другари во ергелата. И помалку висок. Така што пешаците, велосипедистите и возачите на автомобили може лесно да ги вкрстат погледите со возачот. А тоа значи посоодветно – и побезбедно – возење наоколу. 

Аеродинамичните линии на новиот Volvo FM

Дел од семејството

Одново обмислен. Одново нацртан. Одново обликуван. И повеќе познат од кога и да било. Со неговите аеродинамички линии и фарови со V-форма, Volvo FM е дефинитивно дел од семејството. Сепак тој ги задржа карактеристиките што го направија претходниот модел толку популарен. А судејќи според новата смела решетка – додадена е и мала доза на став.

Новиот Volvo FM соло-камион со кутијаста надградба

Кабина Low sleeper

Ви треба поголем капацитет? Искористете го просторот над покривот на кабината кај кабината Low sleeper. Монтирана на екстра ниската шасија, таа доаѓа со покривот на само 261,5 сантиметри од патот, така што има многу простор за транспортерите на автомобили и за други примени кај кои е важна висината.

Повеќе за кабината low sleeper

Преглед на надворешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Изберете од над 650 бои. Сите „зелени“.

Заштедете време и пари со тоа што не ќе морате дополнително да одите во посебна бојаџилница – едноставно добијте ја Volvo кабината во бојата што ја сакате. Изберете од над 650 различни нијанси, тонови и сенки. А доколку не може да ја најдете бојата што ја сакате, можеме да ви ја измешаме речиси секоја боја. Сакате да погледате? Употребете го обојувачот за кабина подолу.

Имајте предвид дека мониторот на компјутерот не може потполно верно да ги покажува боите. Посетете го вашиот Volvo дилер за да ги видите примероците на вистинските бои. Исто така, имајте предвид дека не се достапни сите бои за сите модели и пазари. Сликата прикажува камион со највисоко можно ниво на боење. Овој обојувач ги содржи сите бои што се достапни во продажниот систем. Многу од еднобојните бои се достапни и со слој проѕирна облога. Ако не можете да ја најдете бојата што ја барате, обратете се кај дилерот на Volvo.

Најдете го вашиот локален дилер

Посетете го повторно Volvo FM

Никогаш не било подобро време од сега, за повторно да се запознаете со Volvo FM. Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го ви ја покаже секоја одлика одблизу.

Најдете го вашиот локален дилер