VT

Составувачите на каросеријата добиваат предност на самиот почеток

Држачи за составувачот на каросеријата, различни пресеци на задниот крај и инструкциите за составување каросерија на Volvo го поштедуваат составувачот на каросеријата од непотребна работа – и ви штедат време.

Прочитајте повеќе за интерфејсот за составувачите на каросерија
VT

Управување од светска класа

Volvo FM се базира на истата платформа на шасијата како и Volvo FH. Неговите подобрени системи за потпирање и стабилизаторите обезбедуваат управување како на автомобил. А опцијата Volvo динамичко управување ви дава прецизна контрола при сите брзини без напор.

Погледнете како се држи
VT

Кревање на тандем-оската.

Вашиот Volvo FM сега е достапен со целосно новото „кревање на тандем-оска“, револуционерна одлика која овозможува исклучување и кревање на најзадната погонска оска кога нема товар. Исто како и со tag-оска, тоа значително го подобрува радиусот на свртување и ја намалува потрошувачката на гориво.

Повеќе за кревање на тандем-оската
VT

Помалку е повеќе

Со оптимизирање на стандардните спецификации, како на пример за 4×2 влечно возило, ние го направивме камионот многу полесен – 75 килограми полесен од неговиот претходник. Тоа ви дава поголема носивост и подобра потрошувачка на горивото

VT

Поголема носивост. Подобри маргини

Тежок товар? Нема проблем. Volvo FM е дизајниран за поголеми оптоварувања на оските. Сега новото предно листесто потпирање може да носи товар до 10 тони на единечна оска и 20 тони на двојните предни оски. Тоа ги зголемува вашите маргини и го олеснува ракувањето со тешки или нерамномерно распоредени товари.

VT

Пет оски – директно од фабриката

Превезувате тешки товари? Можете да изберете камион со пет оски, испорачан директно од фабриката. Ќе го добиете камионот побрзо. Нема трошоци за реконструкција. Ќе добиете камион со целосно одобрение на типот на возило. Исто така, ќе добиете придобивки од целосна Volvo гаранција и од нашата постпродажна поддршка – што може да ги смали долгорочните оперативни трошоци.

Дознајте за нашата конфигурација 10x4 со пет оски
VT

Специфицирајте го. Возете го

Дилерот на Volvo Trucks може да ви ги објасни опциите на основата на шасијата. Тие можат да ви дадат и клучеви за да го испробате управувањето.

Најдете го вашиот локален дилер