Volvo FL далечински поврзан со сервисната работилница на Volvo

Volvo златен договор

Новиот Volvo FL е достапен со Златен договор за услуги. Тоа значи дека виталните системи на вашиот камион ќе бидат далечински поврзани – и надгледувани – со сервисната работилница на Volvo. А тоа значи дека ќе ве повикаме за сервисирање само кога тоа навистина му е потребно на вашиот камион. Малите проблеми можат да се идентификуваат пред да станат голем проблем. А одржувањето и поправките можат да се извршат за време на планираниот застој. Значи, вашиот камион поминува помалку време во сервисната работилница, а повеќе на патот.

Запознајте ги нашите Volvo договори за сервисирање
Volvo FL и Volvo Action Service

Volvo Action Service

Ви треба помош на патот? Јавете се на бројот на Volvo Action Service и веднаш ќе бидете поврзани со координатор на случаи. И вистинскиот сервисер со вистинските алатки, ќе тргне на пат – во секое време, кој било ден и каде било.

Повеќе за Volvo Action Service
Иновативните безбедносни одлики на Volvo FL

Помалку незгоди. Повеќе време во возна состојба

Опседнати сме со безбедноста. Таа е во нашата ДНК. И таа е од првенствена важност кога го дизајнираме секој камион на Volvo. Колку помалку незгоди имате, толку повеќе време вашиот камион е на патот. Иновативните безбедносни одлики на Volvo FL го заштитуваат камионот, возачот и останатите учесници во сообраќајот.

Безбедносни одлики што го спасуваат животот
VT

Сакате да го зголемите времето во возна состојба?

Локалниот дилер на Volvo Trucks знае сè за зголемување на времето во возна состојба. Посетете го или повикајте го.

Најдете го вашиот локален дилер