Спецификации на кабината за Volvo FL

 

  • Димензии на кабината
  • Одлики на кабината

Димензии на кабината

Кабина Day

Кабина Day со комфорно и ергономско место за возачот. Внатрешна височина 1.605 милиметри.

Кабина Comfort

Кабината Comfort нуди дополнителен простор кој може да се опреми со кревет за едно лице или може да се користи како канцелариски простор со дополнителни прегради за складирање. Внатрешна височина 1.605 милиметри.

Кабина Crew

Кабина Crew со доволно простор за неколку дополнителни патници, до 7 лица. Внатрешна височина 1.605 милиметри.

Одлики на кабината

Потпирање на кабината
Предното потпирање на кабината има гумена перница за помало вертикално движење, додека задното потпирање има пружина и амортизер.

Седиште за возачот
Три различни нивоа на комфор: Comfort, Standard и Economy. Сите три имаат потпирач за грбот, нагодување по должина, висина и на навалувањето напред, и интегрирани потпирачи за главата.

Седиште за совозачот
Три различни нивоа на комфор: Standard, Economy или Basic.

Бои на кабината
Достапни во 300 фиксни варијанти. Може да се нарачаат дополнителни бои.

Управувач
Управувачот има дијаметар од 460 или 500 милиметри во зависност од конфигурацијата на камионот и може пневматски да се нагодува во саканата положба.

Oтвор на покривот
Кабината може да биде опремена со отвор на покривот што може да се отвора 50 милиметри. Со отворот може да се управува рачно или електрично.

Загревање на кабината
Системот за греење на кабината е достапен во две варијанти: само грејач со рачна контрола или грејач и климатизер со рачна контрола. Исто така, на располагање е систем за греење на паркинг од 2 kW којшто може да се специфицира како опција.

Внатрешен простор за складирање
Внатрешноста на кабината има мноштво практични и лесно достапни прегради за складирање на документи и лични предмети. Над ветробранот ќе најдете две единици за складирање заштитени со капак или мрежа, како и четири DIN-прегради. Како опции можат да се специфицираат и неколку разни кутии за складирање, кутии во форма на тунел (tunnel boxes), подлога за пишување и закачалка за облека.

Сирени
Достапен е избор на два дополнителни типа сирени – две пневматски сирени монтирани на покривот или една електрична сирена под предниот капак.

Кревет (кабина comfort)
Креветот се нуди во еден или во два дела и широк е 580 милиметри или 780 милиметри. Како опција има заштитна летва за креветот и детектор за чад.

Преземи

Спецификации на кабината

Преземете ги спецификациите на кабината во PDF-формат (издание 2013). Преземи(PDF, 2.1 MB)
Најдете го вашиот локален дилер

Чувствувајте се како дома

Раскомотете се. Пробајте го седиштето. Креветот. Погледнете во сите ормарчиња. Нема да поверувате колку простор има.

Најдете го вашиот локален дилер