Знаеме што се случува таму надвор. Знаеме како изгледаат сообраќајните незгоди. Затоа правиме толку многу дополнителни тестови што не се бараат според законот.

Карл Јохан Алмквист

Директор за безбедност во сообраќајот и производите, Volvo Trucks

Внатрешност

Безбедно седење на Volvo FL

Безбедно седнати

Во Volvo FL седите добро заштитени. Прицврстувањето на седиштето и целата структура на кабината беа зајакнати и ги поминаа сите ригорозни тестови што ги минуваат нашите кабини. 

Alcolock на Volvo FL

Alcolock

Алкохолот не припаѓа во сообраќајот. Аlcolock може да биде поставен фабрички и претставува јасна порака до возачите и клиентите колку сериозно ја сфаќате безбедноста на патот. 

Кабина crew на Volvo FL

Кабина Crew

Возете екипа до 7 луѓе безбедно седнати во кабината crew на Volvo FL. Секако, кабината crew е тестирана исто онолку ригорозно како и сите наши кабини. 

Интегриран сигурносен појас на Volvo FL

Интегриран сигурносен појас

Околу половина од сите смртни случаи во камионите може да се избегнат со носење сигурносен појас, факт што вреди да се запомни следниот пат кога ќе тргнете на пат. Во Volvo FL, тие се интегрирани во седиштата. 

Надворешност

Системи за заштита од навлегување под камион на Volvo FL

Системи за заштита од навлегување под камион

Интегриран во предната страна, во задната страна и на страните – ги штити другите учесници во сообраќајот при судир. Системот спречува помалите возила да се заглават под камионот. 

Осветлување на Volvo FL

Светла

Интегриравме предни позициони светла и светла за дневно возење. Како резултат на тоа, единицата овозможува интелигентно осветлување од компактен пакет. Камионот е секогаш видлив за останатите корисници на патот. 

Прегледност на сите страни на Volvo FL

Прегледност на сите страни

Совршената поставеност на ретровизорите, големиот ветробран со низок долен раб и дополнителните прозорци во вратите ви овозможуваат да гледате што се случува околу вашиот камион. Суштинско за безбедни операции во градските зони. 

Системи за активна безбедност на Volvo FL

Системи за активна безбедност

Вашиот камион ќе ви помогне. Накратко прегледајте ги системите за активна безбедност што се користат во Volvo Trucks. 

Разговор за безбедноста на Volvo FL

Што ако?

Нашиот директор за безбедност во сообраќајот и производите ги открива тајните на нашите системи за активна безбедност и како тие работат.

VT

Видете ја безбедноста од прва рака

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви ја покаже секоја извонредна безбедносна одлика и да одговори на сите прашања што ги имате во врска со безбедноста.

Најдете го вашиот локален дилер