I-Sync ја зголемува продуктивноста

I-Sync – автоматизирана едноставност

Нашата трансмисија I-Sync го трансформира градското возење, со честите запирања и тргнувања. Возачите го сакаат совршено темпираното автоматско менување на степените на пренос – нема тешка спојка, нема рачка со која ќе се борите. Таа, исто така, заштедува гориво, така што и операторите ја сакаат.

Префрлете се на I-Sync
Кабина на Volvo FL - за висок комфор и продуктивност

Совршено опкружување – за работа и одмор

Од моментот кога ќе се качите во Volvo FL (користејќи го оптимизираното ниско влезно скалило) до моментот кога ќе се одјавите од работа, сè е дизајнирано да бидете попродуктивни на патот. И покомфорни на крајот на денот.

Погледнете во внатрешноста на кабината
Volvo FL 4x4 испорачува на сите патишта

Незапирлива

Со подобрата влечна сила, поголемото растојание до подлогата и зголемениот приоден агол, Volvo FL 4×4 испорачува – на секаков пат и во секакви временски услови.

Полесен мотор значи зголемена носивост

Половина тон дополнителен товар

Volvo FL со 4 цилиндри сега е од 200 до 500 kg полесен од верзијата со 6 цилиндри. Нудејќи до половина тон дополнителен капацитет за товарање, моторот D5K со 4 цилиндри драстично ги подобрува вашата продуктивност и оперативната ефикасност.

Погледнете ги подобро нашите мотори
Dynafleet ја максимизира продуктивноста

Dynafleet – максимизирајте ја вашата продуктивност

Локации, товари и нивоа. Времиња на возачот. Извештаи за емисии. Потрошувачка на гориво. Dynafleet ви дава податоци во реално време за секој камион што го поседувате, помагајќи ви да ја максимизирате продуктивноста и да донесувате попрофитабилни одлуки.

Истражете го Dynafleet
VT

Бидете попродуктивни

Разговарајте со локалниот дилер на Volvo Trucks. Тој знае точно како да ве направи вас и вашиот бизнис колку што е можно попрофитабилни.

Најдете го вашиот локален дилер