Редизајнираното седиште на Volvo FL е сега уште побезбедно

Седнете. Врзете се. Останете безбедни

Зајакнатите седиште и прицврстувањето на седиштето го минимизираат движењето нанапред при незгода. Редизајнираниот потпирач за вратот ја држи вашата глава стабилна и добро заштитена. А интегрираниот сигурносен појас ве заштитува со првокласна отпорност на удар. Откако вашата безбедност е средена, она што останува е да ја одберете бојата на сигурносниот појас – црна или црвена која тешко може да не се забележи?

Зајакната кабина за да ве заштити заедно со другите учесници во сообраќајот

Двојна цврстина

Целата кабина на FL е зајакната со 31 килограм дополнителен челик за да ве заштити ако сте вклучени во незгода. За да се намали ризикот од повреда при судир, нема остри рабови на контролниот пулт, управувачот и командите.

Системите за задна заштита од навлегување под камион на Volvo FL

Ве штити вас и другите

Нашите системи за предна и задна заштита од навлегување под камион се дизајнирани да спречат забивање на автомобили под камионот при судир, намалувајќи ја можноста од повреди на патниците. А нашата електронска програма за стабилизација ефикасно ја намалува опасноста од пролизгување и превртување. Во опасни ситуации таа веднаш се вклучува, намалувајќи ја моќноста на моторот и активирајќи ги посебно сопирачките на секое тркало на камионот и приколката.

Овде прочитајте повеќе за нашите системи за безбедност
Ја обезбедува најдобрата можност да се види и да се биде виден

Подобрена прегледност

Видете сè со големиот ветробран. Нагодете го вашиот преглед со електрично или рачно контролираните надворешни ретровизори. Движете се лесно низ тесните улици со дополнителните странични прозорци. И надгледувајте го товарот преку задниот прозорец.

Браник од три дела на Volvo FL

Браник од три дела

Челичните агли му даваат на браникот исклучителна отпорност на удар, намалувајќи ги ризикот од оштетување и трошоците за поправка. А ако имате незгода, посебните делови го изолираат ударот, така што ќе треба да ги промените само оштетените делови.

Volvo FL со напредниот далечински контролиран алармен систем

Сигурен систем

Опсежниот, далечински контролиран алармен систем помага Volvo FL да се чува безбеден. Тој лесно се активира доколку несакани гости се обидуваат да ги отворат вратите или се плеткаат околу возилото, со што ви нуди спокој кога не сте кај камионот.

Разгледајте ја опционалната опрема за безбедност од Volvo

Дополнителни безбедносни додатоци

Ви требаат загревани надворешни ретровизори? Комплет за прва помош? Или заштитна фолија за ветробранот? Можеме да го опремиме вашиот Volvo FL со кој било безбедносен додаток што ви е потребен.

VT

Безбедна и цврста

Искусете ја самите најцврстата кабина во нејзината класа. Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за тест возење.

Најдете го вашиот локален дилер