Volvo FL со мотор со четири или шест цилиндри

Запознајте го вашиот мотор

Со неговиот широк опсег на излезна моќност и импресивна реакција, моторот D8K на Volvo е идеален за дистрибуција во централните делови на градот. Помал и полесен, D5K е дизајниран за бруто маси од 10 до 16 тони. И е еден од најсилните, најмоќни мотори со четири цилиндри на пазарот.

Перформансите на моторот на Volvo FL се карактеризираат со широка и рамна крива на вртежниот момент

Гарантирано глатко возење

Брзо забрзување. Лесно ракување при мали брзини. Првокласна моќност. Моторите D5K и D8K даваат поширока, порамна крива на вртежниот момент и подобра реакција при помал број вртежи/минута. Максималниот вртежен момент е 800 до 900 Nm за D5K и 950 до 1.050 Nm за D8K, што значително ја намалува потребата од менување на степените на пренос.

Изберете ги коњските сили

Без оглед кој мотор е во вашиот Volvo FL, вие ќе ја имате моќноста што ви треба: 210 или 240 КС за D5K, 250 или 280 КС за D8K. Комбинирани со одличната способност за маневрирање и молскавично брзата реакција на Volvo FL, тие брзо и ефикасно ќе ве однесат таму каде што треба.

Опсегот на моторите на Volvo FL

  КС kW Вртежен момент
D5K210 210 154 800Nm
D5K240 240 177 900Nm
D8K250 250 184 950Nm
D8K280 280 206 1.050Nm
Пет-литарски мотор за биодизел како опција

Подготвени за биодизел

Сите нивоа на моќност за моторите D5K и D8K се сертифицирани за синтетички дизел (HVO). Постои варијанта на нашиот мотор D5K 240 која ќе работи на чист биодизел (B100) – и е сертифицирана за Euro 6. Таа е совршена опција ако сакате да помогнете за животната средина и да ги користите стимулациите достапни на вашиот пазар.

Ги погонуваат приклучоците за давање погон на вашата опрема за ракување со товарот

Приклучоци за давање погон

Ја погонуваат вашата опрема за ракување со товарот. Приклучоците за давање погон ја пренесуваат моќноста од моторот до посебните приклучоци, како што се дигалка или мешалка на цемент. Volvo FL нуди разновидни приклучоци за давање погон што можат да бидат скроени според вашите потреби.

Погледнете ги спецификациите за нашите приклучоци за давање погон
Euro 6 е на исто ниво со Euro 5 кога станува збор за моќноста и ефикасноста во искористувањето на горивото

Иста моќност, помали емисии

Нашите Euro 6 мотори се огромен скок кон почист транспорт и намалено влијание врз животната средина. Моќноста и ефикасноста на искористување на горивото се еквивалентни со Euro 5 моделите, но ние ги преполовивме емисиите на честички и ги намаливме азотните оксиди за речиси 80%.

Euro 6 решението од Volvo

Нашето Euro 6 решение

1. Мотор
Новите компоненти на моторот го подобруваат протокот на гасовите и обезбедуваат издувните гасови да стасаат до системот за пост-третман со оптимална температура.

2. Седми инјектор
Специјален дизел инјектор се користи за управување со топлината на DOC и ја гарантира ефикасноста на филтерот за дизел-честички и добрата функционалност на SCR.

3. Дизел оксидациски катализатор (DOC)
DOC произведува NO2 потребен за филтерот за дизел-честички ефикасно да ги согори честичките. Во студени услови тој ја обезбедува и топлината потребна за обновување.

4. Филтер за дизел честички (DPF)
Филтерот ги собира и чува честичките (PM) додека не согорат за време на обновувањето. Регенерацијата настанува автоматски – не мора да преземете никакво дејство.

5. Селективна каталитичка редукција (SCR)
Во зоната на мешање, издувните гасови се прскаат со AdBlue. Кога азотните оксиди (NO2) ќе дојдат до катализаторот, тие ефикасно се трансформираат во безопасен гасовит азот и вода.

6. Катализатор на неизреагиран амонијак (ASC)
Последниот чекор пред издувната цевка каде се отстранува преостанатиот амонијак (NH3), доколку го има.

Филтерот за дизел честички

Контролирана регенерација

Нашите мотори D5K и D8K се опремени со филтер за дизел честички (DPF). Тој во текот на регенерацијата ги фаќа и ги процесира микроскопските честички од саѓи во издувните гасови на моторот, оставајќи само фина пепел. Процесот е автоматски, но кога е потребна рачна регенерација, на пример во зона со заштитена животна средина, ќе бидете навреме предупредени.

Најдете го вашиот локален дилер

Почувствувајте ја моќноста

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за да ги тестирате нашите мотори D5K и D8K и да ги добите одговорите на сите ваши прашања.

Најдете го вашиот локален дилер