Volvo FL 4x4 со редукција во главината на тркалото на двете оски

Повеќе влечна сила

Патишта од чакал со дупки? Улици покриени со снег? Терен надвор од патот? Volvo FL 4×4 ја обезбедува потребната влечна сила. Погонуваната предна оска и новата задна оска имаат редукција во главината на тркалото. Така, дури и кога станува навистина тешко, едноставно притиснете копче за да го активирате нискиот степен на пренос на распределувачкиот преносник.

Volvo FL 4x4 со поголемо растојание до подлогата

Поголемо растојание до патната подлога

Со шасијата XX-High, Volvo FL 4×4 ви дава супериорно растојание до подлогата, така што е помалку веројатно дека ќе заглавите или ќе го оштетите камионот кога возите на груби терени.

На предната страна има до 329 милиметри растојание до подлогата. И до 319 милиметри на задната страна. Тоа е зголемување од 60 и 100 милиметри во однос на стандардниот Volvo FL.

Супериорното растојание до подлогата ви дава и приоден агол од 25 степени – што навистина помага на големи стрмнини или при справување со пречки.

Клучни спецификации

  12-тонски
14-тонски 16-тонски
Висина на шасијата XX-High XX-High XX-High
Оптоварување на предната оска 5,6 t 5,6 t 5,6 t
Оптоварување на задната оска
7,4 t 9,2 t 10,9 t
Мотор D8K250 или D8K280 (Euro 6)
Менувач ZTO1006*
Задна оска RSH1140C
Пневматици 275-70R22.5", 10R22.5" или 11R22.5"
Кабина Кабина Day, кабина Comfort, кабина Crew
* AL306 (автоматски) е достапен како опција
VT

Подготвени сте да одите секаде?

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за да го искусете самите целосниот потенцијал на Volvo FL 4×4.

Најдете го вашиот локален дилер