Ергономски дизајниран дел за возење

Ергономско размислување

Инструменти. Менување на степените на пренос. Команди. Простор за складирање. Во Volvo FL, сè што ви треба е точно онаму каде што ви е потребно – и, исто така, лесно на дофат. Тоа значи помалку движење. Помалку истегнување и напрегање. На тој начин, вашите раце поминуваат повеќе време на управувачот, а вашите очи не се тргаат од патот.

Удобно и безбедно седиште на возачот

Возачкото седиште

Таму го поминувате денот. Затоа, мора да е совршено. Го редизајниравме седиштето на Volvo FL за да го направиме побезбедно, поелегантно и дополнително издржливо. Подобрено е прицврстувањето. Потпирачот за глава и сигурносниот ремен сега се интегрирани. А ткаенините за тешки услови отпорни на нечистотија го дополнуваат остатокот од внатрешноста. 

Многу простор за складирање за сите ваши работи

Многу простор за вашите работи

На контролниот пулт. Во вратите. Над вашата глава. Помеѓу седиштата. Разгледајте околу во кабината на Volvo FL и ќе видите изобилство простор за складирање. Можете да додадете уште повеќе.

Преглед на надворешноста од 360˚

Подолу е претставен интерактивен преглед на кабината. Кликнете на полињата со текст за да прочитате повеќе. Кликнете на „Цел екран“ за уште подобро искуство. Опишаните карактеристики и функции се општи и може да се разликуваат од вашиот специфичен камион.

Најдете го вашиот локален дилер

Најдете комфор

За да ја искусите кабината дизајнирана за вас, посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks.

Најдете го вашиот локален дилер