Шасијата на Volvo FL е како измислена за составување каросерија

Брз и флексибилен

Шасијата на Volvo FL може да се нарача со стандардна основа или да се специфицира за какви било барања и надградба. Робустен и крут, рамниот, правоаголен дизајн го поедноставува составувањето на каросеријата. Рамката може да биде опремена со држачи за составувачите на каросеријата. А инструкциите од Volvo за составувачите на каросеријата (VBI) го забрзуваат процесот. Така што добивате камион кој е совршено скроен за вашиот бизнис на најбрзиот и најевтиниот можен начин.

Инструкции од Volvo за составувачите на каросерија
Опсег од предни оски за кои не е потребно одржување

Предни оски, за кои не е потребно одржување

Во зависност од барањата за оптоварување, достапен е опсег предни оски за кои не е потребно одржување. Капацитетот на оптоварување се движи од 4,0 до 7,1 тони. Погонуваната предна оска на Volvo FL со погон на четири тркала има капацитет на оптоварување од 5,6 тони.

Висока продуктивност - благодарение на Системот на електронска контрола

Брзо, лесно товарење

Системот на електронската контрола (ECS) може да се користи за да се контролира нивелирањето на воздушното потпирање, преку прекинувачите на контролниот пулт или преку контролната кутија. Тоа значи брзо, ефикасно товарење при која било висина.  

Избор помеѓу воздушно и листесто потпирање

Одберете го вашето потпирање

Во зависност од оптоварувањето на оската, изберете воздушно потпирање, листесто потпирање или комбинација од двете.

Тркала за секој товар

Одберете ги вашите тркала

Ако изберете мотор D5K ќе ви требаат бандажи од 17,5 или 19,5”. За потешки камиони со мотори со 6 цилиндри, изберете 19,5 или 22,5”.

Електронски систем за сопирање (EBS)

Volvo FL користи пневматски сопирачки со вентилирани дискови напред и назад. Неговиот Електронски контролиран систем за сопирање (EBS) обезбедува побрза и побезбедна реакција на сопирање и помага да се намали абењето на сопирачките. Системот вклучува ABS и систем за комбинирање на сопирачките којшто ги користи различните сопирачки на камионот за да постигне порамномерно сопирање и да го намали абењето на пневматиците и сопирачките. Проширениот EBS пакет ја вклучува и одликата Hill Hold.

Најдете го вашиот локален дилер

Започнете со составување

Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за да разговарате за опции за основата и да го специфицирате вашиот совршен Volvo FL или Volvo FL 4×4.

Најдете го вашиот локален дилер