Време во возна состојба на Volvo FH16
Со цел да се максимизира времето во возна состојба, да се намалат оперативните трошоци и да се намали вкупниот трошок за поседување, ние развивме технологии и услуги кои го надгледуваат камионот, го заштитуваат возачот и гарантираат дека сте на патот, тогаш кога треба да бидете – 100% време во возна состојба .

ТЕЛЕМАТИЧКА ПОРТА – ВАШ СЕРВИСЕР ВО КАМИОНОТ
Оваа паметна технологија ѝ овозможува на сервисната работилница да ги гледа информациите за моторот, километражата и потрошувачката на гориво. Сервисерите, исто така, можат да ги видат кодовите на грешка и го надгледуваат статусот на критичните компоненти (плочки на сопирачки, спојка, акумулатор, итн.). Ваквото надгледување ги намалува непланираните застои. Тоа, исто така значи дека сервисната работилница е целосно подготвена кога ќе пристигнете, така што ќе се вратите назад на патот во најкратко можно време.